5 ПРИЧИНИ ЗОШТО ТРЕБА ДА ВОДИТЕ ДНЕВНИК НА ПРОЧИТАНИ КНИГИ

5 ПРИЧИНИ ЗОШТО ТРЕБА ДА ВОДИТЕ ДНЕВНИК НА ПРОЧИТАНИ КНИГИ

Што им е заедничко на Леонаро да Винчи, Фрида Кало и Марија Кири? Сите пишувале дневници, а сликарите дури и ги илустрирале своите чувства. Вашиот дневник на прочитани книги е најдоброто огледало за она што станувате менувајќи се со секој прочитан збор.

Замислете го чувството што ќе ве обземе кога по многу години ќе го отворите дневникот и ќе се потсетите на мудроста што ве охрабрила да бидете она што сте! Тоа е извонредно и незаменливо чувство.

Прочитајте ги најважните 5 причини зошто треба да водите дневник и нарачајте го својот мал а толку значаен Дневник на прочитани книги. Запишувајте ги во него своите впечатоци и согледајте колкав печат на срцето ви остава секоја книга – така постапува секој книгољубец!

За да се потсетувате на мудроста и поуките извлечени од книгите

Дневникот на прочитани книги е ваш сопатник што ќе ви помага да станете најдобриот колекционер на книжевни мудрости. Запишувајќи ги впечатоците, цитатите и мудрите мисли од прочитаните книги, вие ги впивате како сунѓер и секогаш кога ќе ви биде потребно разумот да ве поддржи во она што го правите, ќе бликнат и ќе ве потсетат кој е правилниот чекор. 

За да имате увид во тоа што и колку читате

Читањето е како патување. Секоја страница е еден изминат километар. Колку повеќе патувате, толку повеќе го откривате светот. Колку повеќе страници изодувате толку појасна ви станува смислата на животот. Водејќи евиденција колку книги читате, од кој жанр се и на што ве научиле, откривате повеќе за себе – какви дела ви се допаѓаат и какви книги повеќе треба да читате. А освен тоа, незаменливо е чувството кога ќе видите колку многу сте прочитале! 

За да согледувате како преку книгите се менувате себеси

Секогаш можете да се навратите на своите забелешки во дневникот и да видите како сте размислувале некогаш и што ве исполнувало. Ова ќе ве охрабри дури и да препрочитате некои наслови. Тоа е во голема мера и суштината на книжевноста. Да нè промени, да нè направи поразумни и подобри личности, да нè исполни со љубов и уметност. Зашто страшна е помислата секогаш да останеш ист и никогаш да не се промениш.

За да се инспирирате за свој ракопис

Како што ќе ги пополнувате страниците во Дневникот на прочитани книги на ТРИ, „Секоја страница – нова станица“, ќе стигнете до прашањето кои книги би сакале вие да ги имате напишано. Потоа ќе наидете на редови што треба да ги исполните со идеи за својот сопствен роман. Зашто во секој читател се крие и писател. Со вистинската инспирација, тој ќе исплива на површина. Водењето дневник е сигурниот пат до површината.

За да се поттикнувате да читате повеќе

Колку повеќе го зголемувате бројот на прочитани книги толку погладни станувате за уште приказни. Дневникот ќе ве мотивира да го исполните со што е можно повеќе наслови, а имајќи ги предвид запишаните жанрови и автори, ќе знаете што треба да читате во иднина. 


Дневникот на прочитани книги е идентичен со личниот дневник. Секоја книга станува дел од вас. Запишете ги во дневникот како што ви се запишуваат во срцето!

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново