КНИЖЕВНИ ПРЕПОРАКИ ОД ОМИЛЕНИТЕ АВТОРИ НА ЕЛИФ ШАФАК

КНИЖЕВНИ ПРЕПОРАКИ ОД ОМИЛЕНИТЕ АВТОРИ НА ЕЛИФ ШАФАК

Елиф Шафак е неповторливо име на современата книжевна сцена. Кога една ваква авторка препорачува, тогаш сите сме во исчекување и сигурно ќе ја послушаме. Кој ако не Шафак би знаел кои страници значат живот?

Фатете се за книгите, овие се омилените автори на Шафак во кои ќе уживате!


Френсис Скот Фицџералд 

Предлог книга: „Големиот Гетсби

Зошто ја обожава? Затоа што во неа нема херои, само луѓе од крв и месо, со сите човечки доблести и мани. Иако е сместена во одреден период и беспоштедно ја прикажува темната страна на американскиот сон, се чувствува како безвременска приказна неизбледена низ годините, бидејќи ги опфаќа универзалните проблеми на човекот. Додека ја имате оваа книга во рацете, ја држите суштината на животот меѓу дланките.


Ана Ахматова

Предлог книга: „Избрани песни

„Ахматова е брилијантна – борец, сведок на своето бурно време“, вели Шафак. Ја опишува како жена која и покај мрачните животни околности, успева да најде инспирација за да го создава убавото. Жена која сите нè предизвикува да ја спознаеме нејзината, а потоа и нашата душа. Шафак отсекогаш цврсто стои зад секој женски глас, а во гласот на Ана Ахматова наоѓа темелник. 


Казуо Ишигуро

Предлог книга: „Клара и сонцето

И Шафак ужива во бескрајните зборовни и умствени игри што Ишигуро ги вткајува во прозата. „Ишигуро е тип на автор кој секојпат бара доверба од читателот, го повикува на прошетка низ непознати предели, и ако е потребно, му ги менува гледиштата.“ Вака Шафак го опишува мајсторството на Ишигуро. Па не чекајте, тргнете на прошетка рака подрака со Ишигуро! 


Руми

Предлог книга: „Големата црвена книга

Лиричниот роман на Шафак „Четириесет правила на љубовта“ е инспириран од поезијата на Руми. Тој е совршен спој на непресушната маестралност на поетот и умешноста на прозата што ја создава Шафак. Овој магичен преплет секој треба да го доживее во некоја летна квечерина под полна месечина, слушајќи го појот на штурците.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново