САЕМ НА КНИГАТА – ТРИ ЗА СЕКОЈ ЧИТАТЕЛ
Ние безусловно ги сакаме книгите, но имаме уште една исто толку силна љубов – ги сакаме луѓето што ги сакаат книгите. За нас, пишаниот збор е најубавиот начин да се поврземе со нив. ТРИ е секогаш тука, и за секого. Од најмали до најголеми, од љубители на романи, преку посветени на личниот развој, па сè до лидери.
Затоа овој Саем на книгата го посветуваме на секој читател посебно. И на оној што чита само еден жанр, и на оној кој сака да биде во тек со сѐ, и на оној кој купува само онлајн, и на оној кој сака да се сретне со авторите пред да започне со читање.
Од 3 до 9 мај ТРИ е тука за вас – за среќа, за успех, за детски насмевки, за внатрешен мир, едноставно за сè што ќе ви побара читателската душа. Токму затоа, секој ден ќе бидеме постојано со вас нудејќи ви дружба со нашите домашни автори, но и со нови долгоочекувани наслови.
Коста Петров, Ана Јовковска, Илина Арсова и Кристијан Станковски ќе ги гледаме и читаме со нивните животни приказни. Замислете каква книжевна забава ќе биде тоа!
А на штандот на ТРИ, овој пат во традиционалната затворена саемска атмосфера, ќе ве пречекаат над 500 наслови. Веќе се радуваме на новите беспрекорни преводи – секогаш добредојдените книги од жанрот популарна психологија, како „Добри вибрации, добар живот“ од Векс Кинг, а за вљубените во белетристиката насмевки ќе измамат долгоочекуваните романи „Љубовна хипотеза“, „Покорувајќи го војводата“ и „Детето на месечевата светлина“.
Бидејќи на Саемот на книгата има најмногу причини одеднаш да си однесете многу книги дома, тоа ќе ви го овозможиме со голем попуст од 20 до 70 %, со книги на распродажба и со скалест попуст. А бидејќи сите сме дел од едно семејство, за Клубот на читатели подготвивме посебни изненадувања и уште поголеми поволности.
Разгледајте го Саемскиот каталог на следниот (ТУКА), сместете се меѓу книгите и никогаш не излегувајте оттаму, зашто таму има среќа, успех, мир и најважно од сè – љубов за сечие срце!