ТИ ИЗРАЗУВАМ ЉУБОВ СО СЕКОЈА СТРАНИЦА
За љубовни мигови со книга
Секоја љубов е приказна за себе. Затоа, сите вљубени кажуваат: те сакам на различен начин. Но постои еден начин што секому еднакво му значи: искажете ја својата љубов преку зборовите во книгите!
Изберете го својот начин во нашиот каталот https://bit.ly/33emtEi! Почнувајќи од денес, па до 14 февруари, подготвивме специјални цени на најразлични наслови за неа и за него. Ако на саканата личност ѝ недостига мотивација, инспирирајте ја со некоја книга од светските лидери за самопомош, ако ѝ треба подлабоко размислување, подарете ѝ заплеткан трилер од скандинавските бестселери – што и да ѝ посакува срцето. Вие најдобро ѝ ја познавате душата. Покажете ѝ го тоа на овој начин и со приказни докажете ѝ дека сте секогаш тука за неа.
Секојдневно заедно и вљубени ја пишувате вашата приказна. Сега, во пресрет на Денот на вљубените, е вистинско време да ја најдете онаа приказна што е најблиску до вашата.
Сакајте онолку силно колку што има книги на светот!