ЗАСТАНИ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ! – ДЕНЕС ИЗВАДОК ОД КНИГАТА НА МОЛЦ, А УТРЕ НА „ТЕРАСА ТРИ“

ЗАСТАНИ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ! – ДЕНЕС ИЗВАДОК ОД КНИГАТА НА МОЛЦ, А УТРЕ НА „ТЕРАСА ТРИ“


Застани, гледај, слушај! 


Вежбајте да бидете што посвесни за своето сегашно опкружување. Кои се глетките, звуците, мирисите што се присутни во вашата средина, токму сега, а за кои не сте свесни? Свесно вежбајте гледање и слушање. Бидете подготвени да ги почувствувате предметите. Колку време поминало откако одејќи навистина сте го почувствувале плочникот под своите нозе? Индијанците и првите истражувачи, за да преживеат, морале да обрнуваат внимание на сѐ што гледаат, слушаат и чувствуваат во својата средина. Тоа го прави и современиот човек, но од други причини: не поради физичка опасност, туку поради опасноста од „нервни нарушувања“ како последица на конфузното размислување, недостигот на креативно и спонтано живеење и соодветниот одговор на средината. Оваа зголемена свесност за она што се случува сега и стремежот да се одговори само на она што се случува сега, дава речиси магични резултати во намалувањето на нервната напнатост. Кога следниот пат ќе почувствувате дека сте под притисок, дека станувате напнати и нервозни, застанете накратко и кажете: „Што се случува овде и сега на што би требало да одговорам? Што можам да направам?“ 

Голем дел од нервозата е предизвикана од несвесните „обиди“ да се направи нешто што не може да се направи овде и сега. Ве фатила бидејќи „правите“ нешто што не може да се направи сега. Секогаш имајте на ум дека работата на вашиот креативен механизам е соодветно одговарање на сегашното опкружување – овде и сега. Многупати, ако не застанеме и не размислиме за ова, продолжуваме автоматски да реагираме на некое претходно опкружување. Не реагираме на сегашниот момент ниту на моменталната ситуација, туку на слично доживување од минатото. Накратко, не реагираме на стварноста – туку на фикцијата. Целосното препознавање и разбирање на она што го правите може да доведе до зачудувачки брзо „оздравување“.


Извадок од „Психокибернетика“ од Максвел Молц

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново