БАРАМЕ ШАНКЕР ЗА ЛЕТНАТА ТЕРАСА НА НАШАТА КАФЕ-КНИЖАРНИЦА

Кафе-книжарницата ТРИ во Дебар Маало оваа пролет станува место што ќе ги спојува двете најубави работи на светот: убавите книги и доброто кафе. Ако ја делиш нашата пасија и сакаш да ја шириш љубовта кон кафето и читањето, те охрабруваме да се пријавиш на нашиот оглас.
Потребни квалификации и вештини:
- Задолжително работно искуство во угостителството
- Комуникациски вештини
- Организираност
- Брзина
- Ентузијазам
- Работна етика
- Способност за самостојна работа.
Цел и одговорност на работното место:
- Одговорен за послужување и комуникација со гостите
- Подготовка и прием на нарачки
- Подготовка на кафе, топли напивки и безалкохолни пијалаци
- Одговорен за функционалноста на шанкот и терасата.
Што нудиме?
- Дневно работно време во една смена, одлични услови за работа
- Месечна плата од 18.000 денари
Вашите биографии пратете ги на kariera@kniga.mk