СО КОИ КНИГИ ЌЕ ЈА ЗАПОЧНЕТЕ НЕДЕЛАТА?

СО КОИ КНИГИ ЌЕ ЈА ЗАПОЧНЕТЕ НЕДЕЛАТА?

Како што завесата се трга од сончевиот понеделник, на животната сцена се појавуваат предлог насловите што ќе ни ја обојат неделата. Во облик на белетристика, трилер, мотивација или политичка фикција – во што ќе ја обликувате втората недела од април?

„Парфем“ од Патрик Зискинд

Знаете ли како мириса убавината? Опседнат со мирисот на убавината, Гренуиј добива идеја за совршен парфем, а за да може да ја оствари оваа цел, се претвора во ладнокрвен убиец. Кога целата младост би била сместена во шише од парфем, тоа би било во неговите шишиња, а кога целата мрачност би била сместена во книга, таа би била овој трилер.

„Образована“ од Тара Вестовер

Мемоарите на девојчето кое се осмели да се спротивстави на семејството и на целиот свет, ги освојуваат срцата на сите читатели. Дали веќе го освои вашето или може да ви го најавиме тоа? Многу луѓе се противат на закостенетите правила, но само некои успеваат да ги скршат. Токму тие луѓе, фиктивни или реални, имаат што да ви порачаат.

„Платформа“ од Мишел Уелбек

Среде хаосот на денешното постоење, еден уметник се осмелува да ни подари книга во форма на очи, за да застанеме очи во очи со светот и со угнетената реалност. Ова е најпознатото и најконтроверзното дело на Уелбек, зашто искрено и во брилијантен стил зборува за предностите, но и за недостатоците на денешното постоење.

„1984“ од Џорџ Орвел

Или ќе застанете очи во очи со реалноста на Улебек, или очи во очи со големиот брат на Орвел. Ремек-делото на политичкиот сатиричар ја соголува тоталитарната вистина на иднината што нè чека. До кој стадиум ни се заканува оваа Орвелова иднина? Или веќе ја живееме?

„Животот е лесен, не грижи се“ од Ањес Мартен-Лиган

Во исчекување на новиот роман на Ањес Мартен-Лиган, подгответе се за еден француски читачки маратон од приказни а ла Лиган. Подгответе се за романи со неочекувани пресврти, каде од навидум совршено секојдневие се впуштаме во животни искушенија. Дијан има совршен живот, а откако ќе ги загуби најмилите, животот ѝ застанува. Што потоа?

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново