ПРОЛЕТНИ КНИЖЕВНИ ПРЕДЛОЗИ

ПРОЛЕТНИ КНИЖЕВНИ ПРЕДЛОЗИ

Според книгите што ги сакаме, може да се поделиме на неколку типови читатели. Не постојат два типа, ниту пак двајца читатели кои размислуваат исто, но добрите книги се секогаш и секому добредојдени. Откријте во која група припаѓате и одберете го насловот што ќе ви ги расцвета мислите.

Пролетта е веќе меѓу гранките, како книга меѓу рацете. Во потрага по нејзиниот одглас во нас, тргнуваме по ехото на зборовите.

Со чии зборови ќе ја започнете пролетта?

За сите кои се во потрага по смислата на животот: „Здрав емотивен живот“ од Ошо

Барањето смисла во постоењето е како да влезеш во море, а да не знаеш да пливаш. Но барањето на таа животна смисла е олеснето со читањето на оваа книга. Таа те учи да пливаш, а во морето патем имаш безброј светилници, безброј патокази. Ова не е обична психологија, ова е книга која ќе ти овозможи да проникнеш длабоко во себе, да ги разбереш своите емоции и да го осмислиш животот.

За сите кои се жедни по инспирација: „Големата петка во животот“ од Џон П. Стрелецки

Отворете ги очите, на вашето тело му е потребен лидер! Читајте за најголемиот фиктивен лидер на светот, Томас Дерејл, кој дури и кога знае дека умира, ги инспирира сите да живеат. Џон П. Стрелецки ве инспирира преку овој лик. Наутро читајте, а навечер погледнете се во огледало. Ќе видите лидер каков што ви беше потребен!

За трагачите по скриените вистини: „Стаклениот хотел“ од Емили Сент Џон Мандел

Каде е границата помеѓу живеењето и преживувањето? Возбудливиот роман е на крстопат меѓу овие два концепта и меѓу две навидум неповрзани случки – пропаѓање на огромна пирамидална шема и митериозно исчезнување на една жена од брод на море. Стаклениот хотел е отворен, дали сте доволно храбри за да влезете во него?

За маратонците на тркачките и на зборовните патеки: „За што зборувам кога зборувам за трчањето“ од Харуки Мураками

Сите се запознаваме со болката. Порано или подоцна, во една или во друга форма. Сите сме доживеале скршено срце, изневерени надежи. Болката е психичка, ама ја чувствуваме и физички. Така е и со трчањето. Срцето ни бие, болката е неизбежна, ама крајот на маратонот се дофаќа со умот и го збогатува живеењето. Така е и со пишувањето, и со физичката форма и со умствената генијалност на Мураками.

За сите кои ѝ пркосат на вселената: „Фондација“ од Исак Асимов

Хари Селдон може да ја предвиди иднината, мрачен период на незнаење, варварство и војни што ќе предизвикаат крах на империјата. За да го спаси човештвото, тој ги собира околу себе најблескавите умови и се преселуваат на пуста планета некаде на крајот на Галаксијата, за да станат факел на надеж за идните генерации. Биди дел од тие умови и влези во ненадминатото ремек-дело на научната фантастика!

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново