САПИЕНС: КРАТКА ГРАФИЧКА ИСТОРИЈА НА ЧОВЕЧКИОТ РОД

САПИЕНС: КРАТКА ГРАФИЧКА ИСТОРИЈА НА ЧОВЕЧКИОТ РОД

Пред 200 000 години се појавил еден вид што го трансформирал светот, а на 24.02.1976 година се појави еден хомо сапиенс со мисија да ги открие најголемите и најмрачните тајни на човековиот вид – Јувал Ноа Харари. Потоа, во 2020 година, се случи „Големата експлозија“, експлозијата на стрипот базиран врз книгата на овој автор која ја раскажува приказната за настанувањето на човековиот вид: излезе од печат графичката верзија од „Сапиенс“, наменета за сите дарвинисти, за оние кои не веруваат во теоријата на еволуцијата, за оние кои ја сакаат историјата или науката, или пак веруваат дека земјата е рамна, за оние кои се склони кон визуализација и за сите кои сакаат имагинација.

Среќен Харари-ден на сите сапиенси! Му го честитаме роденденот на еден од најголемите умови на 21 век. По тој повод, се осврнуваме на графичката илустрација што го следи сижето на книгата на Харари за историјата на човековиот род.

Графичката приказна е составена од колоритни и забавни страници, од коавторот Дејвид Бандермулен и илустраторот Даниел Казанејв. Ова е еден нов интелектуален и уметнички начин за истражување и претставување на минатото.

Јувал Харари ќе те пречека седнат во неговата фотелја и ќе ти каже: „Здраво, јас сум историчар на една мисија“. Ќе ти најави дека ќе зборува за тоа како луѓето го освоија светот. Харари вели дека историјата започна кога луѓето ги измислија боговите, а ќе заврши кога тие ќе станат богови. Во целиот тој период откако ги измислија боговите, па сѐ до денес, кога уште се стремат кон тоа да станат богови, создаваат многу нешта. Нешатата и идеите еволуираат исто како и книжевноста – книгите на Харари еволуираа во стрип.

Овие вртлози од забавни настани и ликови – една докторка, еден детектив, неандерталците, самиот Харари и неговата внука. 

Запознајте ја стрип-приказната, а ние на нашата фејсбук-страница ве очекуваме со коментари. Колкумина од вас би уживале во графичкиот свет на сапиенсите?

 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново