ШТО ЧИТААТ НАЈДОБРИТЕ? - Книги што го вивнаа Џеј Шети до врвот

ШТО ЧИТААТ НАЈДОБРИТЕ? - Книги што го вивнаа Џеј Шети до врвот

Нема поголема мотивација од книга што ќе го поттикне твојот глад за успех. Сите храбри луѓе сакаат да читаат моќни наслови што ќе им овозможат успешни трансформации. Читајќи од најуспешните – стануваат успешни. Искуствата што ги учат од перспективите на авторот им ја прочистуваат визијата и веднаш започнуваат да ги практикуваат нивните стратегии.

Раскажувачот, урбаниот монах, набљудувачот на животот кој ги мотивира сите храбри луѓе да ги истражат длабочините на својата душа – Џеј Шети, не може да го помине денот без читање. Во продолжение следуваат неверојатните наслови што Џеј Шети го вивнаа до врвот. Погледнете што треба да прочитате за да постигнете повисоко ниво на постоење и од својот живот да создадете моќна приказна што самите ќе си ја напишете – приказна што ќе биде вредна за читање, како онаа на Шети.

Тони Робинс, Малком Гладвел, Чарлс Дјухиг, Џордан Питерсон, Сајмон Синек… се дел од авторите чии дела несебично ги препорачува.

ПОЧНИ СО ЗОШТО од Сајмон Синек

За оние кои сакаат да ја пронајдат својата цел, својата страст и своето зошто. Луѓето кои никогаш не го забораваат своето „зошто“ се оние кои го инспирираат светот околу себе и стануваат примери за големи лидери.

МОЌТА НА НАВИКИТЕ од Чарлс Дјухиг

За оние кои сакаат да ги трансформираат своите навики. Кога ќе сфатите дека никогаш не е доцна да се смените кон подобро, тогаш светот ќе добие поинаков изглед. Промената започнува со менување на лошите и со зацврстување на корисните навики.


12 ЖИВОТНИ ПРАВИЛА од Џордан Питерсон

За оние кои сакаат да допрат до резимирана етичка, психолошка и филозофска мудрост. Ова е длабока книга што ќе ве поведе на патот кон вашето најсуштинско јас и ќе го разбуди полниот потенцијал на вашето Битие!

ЧЕТИРИ СПОГОДБИ од Дон Мигел Руис

За оние кои темелно сакаат да го променат својот живот. Ова е книга со каква што човекот од западната цивилизација не се облагородени со длабоката мудрост на стариот индијански народ Толтеци.

КОЈ ГО ЗДИПЛИ МОЕТО СИРЕЊЕ? од Спенсер Џонсон

За оние кои сакаат да разберат како да одговорат на промените и ситуациите во животот. Оваа приказна е напишана за сите возрасти, ќе ја прочитате за помалку од еден час, но нејзината исклучителна мудрост ќе ви трае цел живот.

Извор: Jay Shetty Recommendations Shelf (goodreads.com)

 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново