ШТО КАЖУВА ЗА ТЕБЕ МЕСТОТО КАДЕ ШТО ЧИТАШ?

ШТО КАЖУВА ЗА ТЕБЕ МЕСТОТО КАДЕ ШТО ЧИТАШ?

Секој од нас поинаку гледа на работите. За некој фотелјата е обична фотелја, а за друг е точка во која се споени сите книжевни спомени. За некој пругите се само шини, а за друг пат до една поинаква реалност.

Разговаравме за позициите во кои сакаме да читаме, а сега е време да се посветиме на просторот.

Во автобус, воз или авион

Патувачи, авантуристи, сите вие кои не знаете за зборот: време. Кај вас секоја минута е разумно искористена. Вие ги обожавате авантуристичките приказни, но и приказните на Јувал Ноа Харари. Бидејќи патот секогаш ве води напред, кон иднината, „Хомо деус“ ви ги дава одговорите за идните проблеми на човештвото. Пред нас е следната фаза во еволуцијата, стегнете ги појасите, одиме во иднината!

Работна маса

Подготвени сте да се искачувате на врвови, и тоа додека седите на својата работна маса. Тогаш имате сè на дофат. Книгите на Тони Робинс, Сајмон Синек, Робин Шарма се тука и ја поттикнуваат вашата мотивација. Читате и ги испишувате ПланУМите со своите идни успеси.

Дома, во најудобната позиција

Вие ја сакате сигурноста. Затоа често избирате книги од популарната психологија и ги читате таму каде што се чувствувате заштитено – дома. Го вдомивте ли детето во себе како што нè учи Штефани Штал во нејзината книга? Го сместивте ли заедно со вас во омилената фотелја? Ако сè уште не сте го направиле тоа, „Детето во тебе мора да си го најде својот дом“ е совршен наслов за вас.  

Во читалница

Книжевници, книжевници! Вас ви е потребна читачката атмосфера. Белетристиката што ја читате, романите на Венко Андоновски или, пак, „Кафка на брегот“, не звучат исто во вашиот ум ако не сте опкружени со тишина, во библиотека полна со книги. Вие сакате да ја имате целата книжевност на дофат и референциите од книгите веднаш да ги побарате на полиците. 

Во парк или во природа

Спокојството е сè што ви треба. Вие знаете дека јога за умот се книгите на Ошопридружени од зеленилото и звуците на природата. Вие го имате пронајдено своето икигаи, а новата книга на Миралјес и Гарсија, „Ичиго-ичие“ е полн погодок за топлите денови што следуваат.

Во кафуле

Вие умеете да го ставите цел свет на пауза. Додека го пиете својот омилен пијалак, не го гледате светот низ розови очила, туку создавате цел нов свет. Па затоа уживате во научнофантастичните книги. Ако не сте од оние што претпочитаат вакво футуристичко кафуле, тогаш сакате да бидете опкружени со луѓе зашто уживате во нивната таинственост. Секој има своја тајна, нели? Исто како и ликовите во „Некој што го знаеме“ од Шари Лапена.

Ниедно од наведените

Поетските души се непредвидливи. Никогаш не знаете каде можете да ги најдете. Којзнае, можеби додека читаат, одат на некое место што е сосема непознато, невидливо за очите на прозаистите. Љубители на поинаквото, кои не се препознавте во ниедно од наведените места, на која планета е вашето литературно катче?

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново