Нови предизвици, непознати светови и успешни деловни приказни – подарете им книга на луѓето со кои го делите секојдневието

Нови предизвици, непознати светови и успешни деловни приказни – подарете им книга на луѓето со кои го делите секојдневието

Подаруваме на луѓето што ни значат, на пријателите, некои од нив и стотина километри далеку од нас. Подаруваме на соседите од истиот влез во зградата, на новите познајници, но подаруваме и на колегите и вработените. Оваа година беше тешка за сите, но барем да ја завршиме со убав гест кон луѓето со кои го делиме секојдневието, со кои соработуваме и комуницираме.

Книгата е идеален подарок за сите кои имаат храброст да се нурнат во нови предизвици, цврсто да застанат на нозе и да се соочат со животот. Тој траен извор на знаење може да ви ги отвори вратите од непознати светови, да ви овозможи да ѕирнете во најуспешните бизнис-приказни и да ви даде мотивација да продолжите по патот по кој се имате упатено.

Израдувајте ги своите вработени, кои се клучен сегмент за успешноста на вашиот бизнис, и подарете им книга. Со тоа ќе им покажете дека ги разбирате и ќе ги мотивирате уште повеќе. Инспирирајте ги вработените од нивните животи да направат ремек-дела како што Тони Робинс нѐ советува во неговите книги „Неограничена моќ“ и „Разбудете го џинот во себе“. Ако сте од оние кои веруваат дека вашите вработени можат подобро, тогаш ви го препорачуваме „Thrivity активатор“ за уште поголеми достигнувања.

Дајте им можност да се преиспитаат себеси со помош на книгата „Внатрешен инженеринг“ од Садгуру, или како поедноставно да ги следат и истражат инспиративните приказни преку книгата „Живот, љубов, смеа“ од Ошо.

Подарете им автобиографско дело – „А пропо ништо“ од Вуди Ален, од туѓите искуства раскажани во прво лице најлесно се учи. Оние кои сакаат возбудливи трилери, сигурно ќе уживаат во последните продолженија од серијалот за детективот Хари Хуле, книгите „Жед“  и „Нож“ од Ју Несбе.

Тука може да се најде и најновото дело на најпознатиот јапонски писател Харуки Мураками, „Убиството на Командантот“. А просветлувачката басна за нашето време „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел ќе ги натера да ја препрочитаат и оние што веќе ја имаат читано.

За повеќе книжевни препораки, посетете ја нашата веб-страница и разгледајте го каталогот со изданија.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново