ТРИ ПРЕДЛОЗИ ОД НАШИТЕ КНИЖАРИ

ТРИ ПРЕДЛОЗИ ОД НАШИТЕ КНИЖАРИ

Ви го претставуваме изборот од три книги што го направи нашата колешка Слаѓана Бојановска.
Секогаш љубезни, нашите колеги со уживање ќе ви помогнат да се одлучите за книга што сакате да ја купите и прочитате.

Имајте убав викенд и уживајте во книгите на ТРИ.

1. „Мајсторот и Маргарита“ – Михаил Булгаков

Читањето на романот „Мајсторот и Маргарита“ е вистинско задоволство! А откако ќе го прочитате, приказната засекогаш ќе остане во вашето сеќавање. Исклучителни се способноста и имагинацијата на Булгаков да ги опише и оживее приказните што се испреплетуваат. Психологијата на сите ликови е уникатна, секој носи своја приказна која е необична и неверојатна. Секако, ако внимателно се чита, нуди одговор на секоја необичност за бесмртната љубов, за сатаната, за религиозноста. 

„Мајсторот и Маргарита“ се смета за класика, но многу поинаква од онаа на која сме навикнати. Сатиричен и реален истовремено, трагичен и забавен, ова е роман кој обединува повеќе жанрови – фантазија, мистицизам, љубов... 

2. „Внатрешен инженеринг“ – Садгуру

Садгуру е необичен современ јогин посветен на општата благосостојба на планетата. Неговите методи – кои не се строго научни и до кои дошол со своето просветлувачко животно искуство – се однесуваат на самотрансформација на сите луѓе од аспект на јогиските практики во современиот живот. Во оваа книга тој укажува на тоа дека мора да размислуваме логично, но треба да знаеме и кога логичното да го надминеме. Да бидеме будни и да размислуваме за чудото наречено живот додека едноставно го искусуваме. 

„Внатрешен инженеринг“ е разбирлив водич кој лесно може да се примени и во практиката. 

3. „Играта на животот и како да ја играш“ – Флоренс Сковел Шин

Животот не е борба, туку е игра со свои духовни правила. Ако ги почитуваме тие правила и ако се раководиме од нив, ќе го добиеме тоа што го сакаме. Ние сме одговорни за текот на играта и самите можеме да ја менуваме. Сѐзависи од нас, од нашиот став кон животот и кон луѓето. Токму затоа љубезниот човек добива љубов, а омразениот омраза. Според Шин, само божествената сила може да нѐспаси, ако ѝ дозволиме таа да ни го отвори патот кон она што го посакуваме.

Ова е мала книга со големи и значајни поуки. Напишана со лесен и разбирлив стил, таа изнесува едно метафизичко учење што може да предизвика длабоки промени во нашите животи. 

 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново