Извадок од „Приказна за ние што остануваат и за оние што заминуваат“ од Елена Феранте

Извадок од „Приказна за ние што остануваат и за оние што заминуваат“ од Елена Феранте

И во третото продолжение на Неаполската сага веќе возрасните Лила и Лену го задржуваат односот на љубов и омаза типичен за нив уште од деца. Додека си раскажуваат за сопствената среќа, длабоко во себе секоја размислува за својата несреќа. Одличен роман кој го портретира ова несовршено женско пријателство.

Само за вас, викенд опуштање со извадок од „Приказна за ние што остануваат и за оние што заминуваат“на Елена Феранте, авторка што знае како да го раскажува животот.


Последен пат ја видов Лила пред пет години, во зимата 2005 година. Се шетавме рано наутро по булеварот и, како што впро- чем со години наназад се случуваше, меѓу нас сѐ уште лебдееше чувство на непријатност. Се сеќавам дека само јас зборував: таа потпевнуваше, ги поздравуваше луѓето кои не ѝ отпоздравуваа, одвреме­навреме ме прекинуваше со извици кои немаа никаква врска со она за што зборував. Со текот на годините меѓу нас се случија премногу грди работи, некои дури и навистина ужасни, така што, за повторно да ја вратиме меѓусебната доверба, неоп- ходно беше да си ги довериме скриените мисли, но јас никако не можев да ги најдам вистинските зборови а таа, која можеби беше подобра во тоа, немаше ниту желба ниту гледаше потреба за тоа. 

Па сепак, многу ја сакав и секогаш кога доаѓав во Неапол на­ оѓав начин да се сретнам со неа, иако, морам да признаам, по малку ме плашеа тие средби. Многу беше изменета. И на двете беа видливи трагите на стареењето, но, додека јас се борев со склоноста кон дебелеење, таа постојано беше кожа и коска. Има- ше кратка коса која самата ја шишаше, сосема бела и запуштена. Набрчканото лице сѐ повеќе потсетуваше на нејзиниот татко. Се смееше нервозно и со речиси пискав глас, зборуваше многу глас- но. Постојано гестикулираше со таква ѕверска решителност, што се чинеше дека сака напола да ги пресече зградите, улиците, ми- нувачите, и мене лично. 

Минувавме покрај основното училиште кога еден млад човек што не ми беше познат, истрча пред нас и целиот задишан викна дека во паркот крај црквата нашле женски труп. Со брз чекор се упативме накај паркот, Лила ме одвлече меѓу толпата љубопит- ни луѓе, грубо пробивајќи се меѓу нив. Жената лежеше свртена настрана, беше многу дебела, облечена во демодиран мантил со темнозелена боја. Лила веднаш ја препозна, јас не: беше една наша другарка од детството, Џиљола Спањуоло, поранешна жена на Микеле Солара

Целиот извадок може да го прочитате овде. 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново