ТРИ ПРЕДЛОЗИ ОД НАШИТЕ КНИЖАРИ

ТРИ ПРЕДЛОЗИ ОД НАШИТЕ КНИЖАРИ

Колку често се двоумите околу некоја книга која ви фатила око, но не сте сигурни дали ќе ви се допадне? Нашите книжари секогаш го имаат вистинскиот предлог за секоја ваша пригода, расположение и вкус! 

Денес Симона ви ги препорачува своите омилени наслови.

Со големо љубопитство ја читав „Фактологија“и се изненадив колку одговори добив на важните прашања за светот – онаков каков што е навистина, а не каков што ние го мислиме. Ја препорачувам затоа што навистина ќе ни го смени начинот на кој ги гледаме работите.

Од домашните автори би го издвоила Евгениј Хоуп, со „Годините кога научив да летам“, книга што срдечно им ја препорачувам на сите патувачи во себе и надвор од себе. Со неа навистина ќе пропатувате во непознати места и ќе доживеете прекрасна авантура.

Читајќи ја „Образована“, сфатив колку се потребни ваквите книги, произлезени директно од реалниот живот. Од девојче пораснато во конзервативно мормонско семејство, пред вас главниот лик се претвора во предавач на Харвард. Во животот сѐ е можно, ако доволно веруваме во себе.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново