БРИЛИЈАТЕН АВТОПОРТРЕТ НА ВИСТИНАТА ЗА ВУДИ АЛЕН

БРИЛИЈАТЕН АВТОПОРТРЕТ НА ВИСТИНАТА ЗА ВУДИ АЛЕН

Овие контроверзни мемоари ќе ја разнишаат вашата перцепција за Вуди Ален. Четиво што ќе ве забавува, искрено и длабоко, богато и брилијантно самопортретирање на еден уметник кој е признат за еден од најголемите режисери на нашето време!

Вуди Ален конечно сака да расчисти некои заблуди. Тој не е, како што честопати го опишуваат, интелектуалец. Како човек кој е буквално „незаинтересиран за сите научни работи“, ја отфрла замислата дека е „лажен како и чудовиштето од Лох Нес“. Објаснува дека, иако така изгледа, не е неснаодлив на спортскиот терен. Во младоста бил брз тркач, „многу добар“ во бејзбол и пристоен кошаркар за училишниот тим, а исто така можел „да фати фудбалска топка и да ја фрли повеќе од километар“.

Иако духовито одговара дека главната тема на „А пропо ништо“ – која контроверзно била одбиена од неговиот прв издавач „Хашет“ по штрајкот на вработените – е „човековата потрага по бог во бесмислениот, насилен универзум“, деведесетината страници посветени на „прашината“ што се крена за Фароу, неговата поранешна сопруга, ни откриваат дека по триесетгодишниот молк на темата, Ален конечно смета дека е време да ја каже својата верзија на настаните.

Секако, ова е приказна за животот, а не само обвинение. Како што би се очекувало од еден писател со комично педигре, Ален опширно и енергично раскажува за своето детство и за достигнувањето слава. Почнува со опис на детството во Бруклин како син на таксист и книговодителка. Неговите родители „не се согласуваа за ниту една работа освен за Хитлер и моите оценки“, но ги сакале своите две деца. Културното будење му се случило под влијание на неговата братучетка Рита, која го носела во кино секое саботно попладне и го охрабрувала да слуша радио, на кое ги открил Кол Портер, Роџерс и Харт, Бени Гудман и Били Холидеј. На 11 години отишол во Менхетен со другар од детството и таму го откриле водвиљот. Толку бил привлечен од сатиричните скечеви што ги посетувал секоја сабота, со молив и хартија за да фаќа забелешки.

Уште во средното училиште почнал да праќа анегдоти до весниците, од кои повеќето биле објавени. Конечно го побарал еден агент и му понудил секој ден по училиште неколку часа да пишува кратки шеги за нивните славни клиенти, за кои тие ќе ги земат заслугите. Се запишал на Универзитетот во Њујорк, на отсекот за филм, но бил исфрлен бидејќи не се појавувал на предавањата. Тоа и не му било толку важно, зашто веќе работел за писателите на комедии и заработувал повеќе од своите родители. Одлучил да си го смени името (роден е како Ален Конигсберг), нешто за што се покајал само еднаш во животот, кога една продавачка во Блумингдејл го прашала: „Тоа ќе биде сѐ, г. Клукајдрвец?“

Целата книга е проткаена со самоиронија, а неговиот остар хумор знае да го освои читателот. Се сеќава како со втората сопруга Луис пијани си размислувале за најпосакуваниот метод на самоубиство – „Таа сакаше да се самоубие со пиштол, а јас да ја ставам главата во машината за садови и да стиснам Најдолга програма“. Споменувајќи си на својот најголем пад во филмската кариера, Ален вели: „Снимањето на филмот ’Сенки и магла‘ се одвиваше непречено“. Но кога се запалиле рефлекторите по проекцијата на филмот за финансиерите, „четворицата или петмина господа во костуми седеа неподвижно небаре парализирани“.

Инспиративноста на „А пропо ништо“ е во нејзината искреност, но и во моќта со која Вуди Ален го кажува своето мислење и го крева гласот против неправдата. Овој човек не глуми дека сака да придобива пријатели, затоа што јасно дава до знаење дека нема да им влијае на оние што веќе оформиле свое мислење. Токму затоа и треба да се чепне под површината на неговото долгогодишно дело во различните сфери на уметноста во кои брилира, а зад него се крева тон холивудска прашина.

Искрена и длабока книга која ќе ја разниша вашата перцепција за Вуди Ален. Брилијантен автопортрет на еден од најголемите уметници и режисери на нашето време!

Наскоро на македонски, ексклузивно во ТРИ!


Користен текст од: https://bit.ly/3eyRDWB

 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново