ПРОЛЕТНО ПРОЧИСТУВАЊЕ НА МИСЛИТЕ: ШТО Е САМОСАБОТАЖА И КАКО ДА ЈА ПОБЕДИТЕ?

ПРОЛЕТНО ПРОЧИСТУВАЊЕ НА МИСЛИТЕ: ШТО Е САМОСАБОТАЖА И КАКО ДА ЈА ПОБЕДИТЕ?

Пролетта е совршено време за себепрочистување. Ослободете се од негативните мисли или убедувањата дека нешто не е во ред со вашиот живот. Голем дел од проблемите потекнуваат најчесто од самосаботажата. За среќа, денес луѓето се сè поотворени да зборуваат за тоа и многу врвни водичи за себепронаоѓање, каква што е Бријана Вист, ги споделуваат своите потврдени начини за подобрување на животот. Книгите што се занимаваат со овие теми можат да ви помогнат да се остварите себеси онака како што сонувате.

Планината си ти“ е докажан водич за сите кои се доволно храбри да се соочат со себе и да си ја вратат моќта. Најголемите награди во животот не доаѓаат толку лесно. Но навистина е штета да не бидете најдобрата верзија од себе само затоа што се плашите или затоа што сè уште не сте ја пронашле совршената книга за себе.

„Планината си ти“ е повик за будење. Разбудете се – во пролетта сè се менува, процутуваат сите надежи. Расцветајте и вие со неа!

ШТО Е САМОСАБОТАЖА?

Мошне често самосаботажата се сфаќа погрешно како начин за себеказнување, начин на кој се подбиваме со себе или намерно се повредуваме. Но преку самосаботажата, всушност, ние се обидуваме да се заштитиме. Запознајте се со нејзиното вистинско значење и престанете да се саботирате. „Најголемиот чин на самољубие значи да не го прифаќате повеќе животот од кој не сте задоволни и што ве прави несреќни – туку е способноста јасно и искрено да си го кажете проблемот“, вели неверојатната Бријана Вист. И навистина е така! Почнете оттаму што ќе ја разберете сржта. Самосаботажа е кога имате две противставени желби. Едната е свесна, едната несвесна. На пример, кога знаете дека мора да бидете благодарни и возбудени за нешто, а сепак сте загрижени.


ЗНАЦИ ЗА САМОСАБОТАЖА И КАКО ДА ЈА СОПРЕТЕ

Не може да се одреди како изгледа или како не изгледа самосаботажата, но има некои главни показатели дека се наоѓате во циклус на самосаботажа. На пример, давање отпор, неорганизираност, приврзаност кон нешто што вистински не го сакате... Во зависност од тоа како се манифестира, има повеќе можности да се ослободите од неа – да преземете одговорност за себе, да соберете сили да го жртвувате стариот за нов и подобар живот напуштајќи ја комфорната зона. За да го надминете самосаботирањето, не треба да ги игнорирате своите нагони, туку да утврдите зошто постојат. Со помош на книгата на Бријана Вист ќе можете да ги препознаете и детално да ги анализирате, препознавајќи се во конкретните примери. Откријте ги вистинските чекори што треба да ги преземете за да можете да почнете со себеисцелување.


ПАТОТ ПОЧНУВА ТОКМУ ОД МЕСТОТО КАДЕ ШТО СТЕ СЕГА

Не е страшно и ако сте на подножјето на вашата планина. Воопшто не е страшно и ако не можете ни да ја искачите до половина. Важно е да го почнете своето исцелувачко патување. Всушност, токму подножјето е волшебната точка во која почнува пресвртот. Размислете – сакате ли да продолжите да се чувствувате вака како што се чувствувате сега? Што ве спречува да ги преземете нештата во свои раце? За да се исцелите вистински, треба да го промените начинот на кој размислувате. Ќе треба да станете мошне свесни за негативните и погрешни уверувања и да почнете да размислувате на начин што ќе ви биде корисен и ќе ви служи. 


КОГА ЌЕ ГО ИСКАЧИТЕ ВРВОТ, ЌЕ СФАТИТЕ МНОГУ НЕШТА

Ќе сфатите дека секој миг што сте го сметале за лош бил само знак дека не го искористувате целосно својот потенцијал. Не морате да ја барате заднината на сите нешта, но треба да знаете дека ништо не е случајно. Сфатете ги несреќните ситуации како повод дека доаѓаат среќни. Некогаш е лесно да се приврзете кон лошите навики и проблемите. Сите начини на кои се самосаботирате хранат некоја ваша потреба што досега не сте можеле ни да ја согледате и за која не сте биле свесни. Со помош на Бријана Вист ќе проникнете во своите мисли и ќе ги искористите во своја полза. 


 Никој не може да ви застане на патот кон врвот. Зашто со него господарите само вие. Вие сте планината и вие ја одредувате патеката. Не треба да ги следите патоказите – вие треба да ги одредите. Прочистете ги мислите со оваа книга и прочистете го животот!

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново