ШТО ЌЕ ЧИТАМЕ ОВИЕ НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ

ШТО ЌЕ ЧИТАМЕ ОВИЕ НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ

Прстите веќе ни смрзнуваат додека шетаме ноќе, а душите ни стануваат сè пожедни за топли приказни. Не можеме да шетаме без ракавици, ниту да поминеме ден без прочитана книга.

Тоа значи дека веќе е зима и дека новогодишната магија ги вмеша прстите во плановите на сите книгољупци.

Време е да ги направиме списоците! Овие се насловите што ги очекуваме да пристигнат во оваа читачка сезона.


„Море на спокојството“ од Емили Сент Џон Мандел

https://www.goodreads.com/book...

Времеплов, уметност, љубов – книга што ќе ве однесе до една колонија на Месечината на која ќе успеете да се видите оддалеку. Емили Сент Џон Мандел веќе ја читавме во нејзините дистописки книги „Станица единаесет“ и „Стаклениот хотел“, а со овој нејзин роман ќе си го потврдиме мислењето дека станува збор за извонредна авторка. Совршена е за зимските денови под месечевата светлина. 


„Планината си ти“ од Бријана Вист

https://www.goodreads.com/book...

Од самосаботажа кон самосовршенство! Што е самосаботажа? Дали самите си ја предизвикуваме? Зошто ни се случува и можеме ли да преземеме нешто? Планината одамна е метафора за големите предизвици со кои се соочуваме во животот, особено оние што се навидум невозможни за преминување. Но за да ги искачиме не треба да ја совладаме (само) планината, туку самите себеси.


„Завладејте со своите емоции“ од Тибо Морис

https://www.goodreads.com/book/show/40078926-master-your-emotions?from_search=true&from_srp=true&qid=CchV0cwlGe&rank=1

Со самото свое постоење вие веќе го поседувате вашиот живот, а што ќе направите од него зависи единствено од вас. Па затоа, не губете повеќе време, научете како да владеете со своите емоции и преобразете се во личноста која отсекогаш сте сакале да бидете. Ништо нека не ви стои на патот кон остварување на вашите соништа. 

 40078926. sx318


„Моќта на намерата“ од Вејн Дајер

https://www.goodreads.com/book/show/19330499-the-power-of-intention

Енергетското поле на намерата постои отсекогаш. Има начин да ја привлечеме кон себе неговата енергија и да го искусиме животот на едно повисоко и возбудливо ниво. Тоа поле е насекаде околу нас и само чека да му пристапиме. Ако светот хармонично вибрира со универзалниот ум на намерата, ќе биде многу поубаво место за живеење.


„Како да успеете во денешниот свет“ од Дејл Карнеги

https://www.goodreads.com/book/show/30656491-how-to-succeed-in-the-world-today?ac=1&from_search=true&qid=zk7YHGt6Yu&rank=1

Докажаниот Дејл Карнеги е вистинскиот водич до успехот. Милиони луѓе успеале да стигнат до врвот благодарение на неговите книги. Ова негово дело е уште едно од низата кои нудат изобилство корисни совети за големите предводници. Зимава поставете си ги целите со оваа книга подрака. 

„Патот на супериорниот маж“ од Дејвид Деида

https://www.goodreads.com/book/show/33804873-the-way-of-the-superior-man

Во оваа своја култна книга Деида ги разработува најважните прашања во животот на мажите – од кариерата и семејството, преку жените и интимноста, до љубовта и духовноста – за да понуди практичен водич за живеење машки живот со интегритет, автентичност и слобода. Деида е еден од најпровокативните учители по духовност и сексуалност на нашето време. Па ајде да дознаеме зошто. 



„Книгата на петте прстени“ од Мијамото Мусаши

https://www.goodreads.com/book/show/25789.The_Book_of_Five_Rings?ac=1&from_search=true&qid=7dHNjZBOK3&rank=1

Најпоучното од азиската култура! Ова е еден од најпроникливите ракописи што не е напишан само за луѓето кои се занимаваат со боречки вештини, туку за секој поединец кој сака да ги примени безвременските принципи на овој текст во својот живот. Мудроста е мудрост токму поради тоа што некогашните совети важат и за денешното човештво. Едноставно, тие немаат рок на траење.   The Book of Five Rings ebook by Miyamoto Musashi


Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново