РОДЕНДЕНСКИ ДЕНОВИ ВО ТРИ

23 издание на нашата најдрага книжевна приказна насловена „ТРИ“.
И уште неколку значајни јубилеи во една недела – 17 години од отворањето на книжарницата во ГТЦ, 3 години од отворањето на книжарницата во ТЦ Зебра и првиот роденден на книжарницата во Ист гејт. Заедно да прославиме за уште многу години љубов, книги, живот.
Почнувајќи од денес, па сè до недела, сите изданија на ТРИ и Паблишер се на 20 % попуст во сите наши книжарници и онлајн на kniga.mk, а со секоја фискална сметка добивате подарок КНИГА!
Сега замислете си дека сите книгољупци на светот се наоѓаат во еден простор. Е па на 29 октомври, во книжарницата во Ист гејт ќе се случи нешто слично. Во 13 часот ќе започне роденденската прослава на која ќе ве пречекаме со инспиративни зборови, топла атмосфера, читачко катче и подароци. Ист гејт ќе биде магичната врата кон нови книжевни доживувања, точка во која улиците на градот ќе се спојат со булеварите на умот.