ЉУБОВНИ ПРЕПОРАКИ ЗА НЕГО
„Ако љубовта е книга, те сакам колку цела книжарница.“ А ако треба сета љубов да ја сместиш во една книга, тогаш направи го тоа со некоја од следните препораки.
Зошто? Зашто ние се погриживме да опфатиме што е можно повеќе книги во одбраните наслови на 20 % попуст за Денот на вљубените. И се надеваме дека токму во нив ќе го најдете совршениот подарок. А книгата е подарок што секогаш може да се отвора одново и одново.
Ако е самоуверен...
„Патот на супериорниот маж“ е одлично четиво за секој маж што е на патот кон освојување – на светот и на врвот во себе. Ако и ти си на пат кон освојување на неговото срце, оваа книга е совршената за него. За овие мудри совети ќе ти биде бескрајно благодарен.
Ако е необичен...
„1984“ е ремек-делото на Џорџ Орвел. Секој човек кој сака поинакви работи, во идеологијата на Орвел гледа неверојатност. Затоа, на полиците на вашиот дом ставете ја и оваа книга. Паметете го овогодишниот Ден на вљубените токму по оваа книга што засекогаш ја одбележа светската литература.
Ако е мистичен...
Харуки Мураками е сè. Чуден, мистичен, неверојатен. Ако и твојот љубен (ти) е сè, подари му цел еден свет сместен меѓу корици. Мирисот на нова книга, особено на нова книга од Мураками која ветува неповторлив заплет, ќе го држи буден сè до крајот. Голема е веројатноста и „Убиството на командантот“ да му стане омилена.
Ако е љубопитен...
„Надвор од редот“ од Џордан Питерсон е задолжителна книга за секој современ човек. Подари му интелектуално четиво што ќе го поттикне на размислување. Неоспорно ќе му го привлече вниманието, а потоа ќе му ги изостри сите сетила. Ќе се отвори кон светот и љубовта. Тоа е моќта на Питерсон.
Ако е креативен...
Ако ја сака уметноста, но и ако од секое нешто прави уметност, како, на пример, од вашата љубов, тогаш „Војната на уметноста“ совршено ќе се вклопи во вашиот секојдневен живот. Заедно бидете креативни. Вашата љубов е креативна. И заслужува таков подарок.
Ако е амбициозен...
Кажи му дека во него гледаш човек кој не запира и бодри го во следните предизвици. „Бидете полезни“ од Арнолд Шварценегер е полн погодок за оние кои знаат што сакаат во животот. Додека главната цел во вашата љубов е среќата, во професионалниот живот е успехот.
Заедно бидете успешни и среќни!
Останатите наслови за него (а зошто да не и за себе?) разгледај ги ТУКА. Има само еден подобар подарок од книга за Денот на вљубените, а тоа се две книги.
И не заборавај – љуби и читај!