ЉУБОВНИ ПРЕПОРАКИ ЗА НЕА
Можеш ли да замислиш нешто што трае? На пример, книга. И секој ден одново да ја отвораш, секој ден ќе учиш нешто ново од неа. Или, пак, љубовта. Кога љубиш некого, ти се чини дека секој ден сè повеќе и повеќе го сакаш.
Ако ги обединиш овие два вида љубов, ќе добиеш бескрајност. Затоа, подари ѝ книга. А ако немаш идеја како да ја одбереш, тогаш ние ќе ти помогнеме според нејзините најистакнати карактерни црти.
Ако е нежна...
„Живот“ од Лујза Хеј е токму за најнежните. По читањето на оваа книга ќе се чувствува истовремено лесна како воздух, но и толку цврста што ништо не ќе може да ја совлада. Лујза Хеј, храбра и бескомпромисна авторка, е топла читачка препорака за секого.
Ако е романтична...
Ако често ужива во романтичните приказни, каква што е вашата, тогаш подари ѝ ја романсата меѓу двајца хемичари. Најпосле, и вашата љубов е хемија. Израдувај ја со „Љубовни неврони“ и потруди се секогаш да ја гледаш таква.
Ако е цврста...
Биди „Вистинскиот“ за неа со истоимената книга на Шандор Мараи. Ако често ја гледаш со книга во рацете, ако сака љубовни романи и драми, оваа безвременска класика е токму за неа. Исто како и вашата љубов. Ти препорачуваме и ти да ја читаш заедно со неа и да извлечете поуки за тоа како да останете цврсти.
Ако е авантуристка...
Мотивацијата е најдобрата спортска опрема! Но „Првиот ден од остатокот на твојот живот“ не е наменет само за искачување планини, туку и за многу повисоки врвови. Тоа се врвовите што ги искачуваме внатре во нас и од кои се протега најубавиот видик. Кон сите пејзажи што ги чуваме во душата.
Ако е храбра...
„Жената не е маж“ – една од најхрабрите приказни во последниве години. Ако таа сака историска фикција или, пак, не може без писмото на Шафак, ако е непокорна, а ти се радуваш кога ја гледаш со високо крената глава, дај ѝ приказна со која ќе ѝ докажеш дека има право да верува во себе (и дека и ти веруваш во неа).
Ако е емотивна...
„Прекрасен свету, каде си“ од Сали Руни беше вистинска книжевна емотивна сензација. Но емоциите се добрата страна на живеењето. Искрената. Чувствената страна. Кажи ѝ колку чувствуваш за неа преку емоциите на четворицата протагонисти што го прават овој роман толку секојдневен, а толку необичен.
Ако сè уште не пронајде книга што е совршена за неа, останатите книги на љубовен попуст провери ги ТУКА и смисли го најнежниот начин да ѝ кажеш „Те сакам“.