МОЌНА КОЛКУ ЗБОРОТ

МОЌНА КОЛКУ ЗБОРОТ

Подари силна приказна за секоја хероина

 

Зар има нешто посилно од жените, а и од зборот? Овој 8 Март на сите жени-хероини кои се значајни во вашиот живот подарете им го нивниот глас запишан во најубавите книги.

Од 3 до 9 март во нашите книжарници ќе ве пречека голем избор на книги што секоја жена треба да ги прочита барем еднаш во животот. Скалестиот попуст за нив може да се искачи до 25 %, што ќе ви овозможи да подарите што повеќе книги! Меѓу нив се и долгоочекуваните новитети – ексклузивно пристигнуваат совршениот наслов кој ја велича моќта на жената и зборот „Жената не е маж“ од Итаф Рам, „Клара и сонцето“ од омилениот Казуо Ишигуро и неповторливата „Приказна за изгубеното девојче“ од Елена Феранте.

Почувствувајте ја атмосферата во нашите книжарници, каде секоја книга ќе биде спакувана со љубов каква што заслужува секоја жена. Овие денови целосно им ги посветуваме ним.

Каталогот на хероините е на следниот линк. Од овие наслови на попуст изберете ги омилените и подарете пишан збор, зашто со секој прочитан збор од една жена, се менува целата приказна на животот.

Нека жените ги сведнуваат главите единствено кога читаат. За да можат да се исправат уште повисоко!

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново