И КОГА ГРАНИЦИТЕ СЕ ЗАТВОРЕНИ – МОЖЕ ДА ЛЕТАМЕ

И КОГА ГРАНИЦИТЕ СЕ ЗАТВОРЕНИ – МОЖЕ ДА ЛЕТАМЕ

Сите сме заробени, фатени во ист костец – пандемија, затворени граници и домови, токсични стихии и неможноста да се патува. Пасошите како да го заборавија допирот со печат, а ние самите почнавме да се сомневаме во секое искуство доживеано надвор од овие простори.

Во моментите кога се соочуваме со теснотијата во себе, препуштете се на недобројните патишта на Европа заедно со Михаил, кој ги бара патоказите на непознатиот остров, за кој не е сигурен дали и воопшто постои.

Инспирирана од личните патувања на авторот, „Годините кога научив да летам“ од Евгениј Хоуп ќе ве втурне во номадскиот свет на талкачи и трагачи. Водејќи ве по себеспознавачки координати и европски дестинации, ќе ви го разбуди авантуристичкиот елан и ќе ви го овозможи чувството дека и самите патувате. Исто како некогаш!











Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново