​КАКО ПРЕДАВАЊЕТО НА Д-Р МИТОВ ЌЕ ГО СМЕНИ НАШИОТ ПОГЛЕД КОН ЗДРАВЈЕТО?

​КАКО ПРЕДАВАЊЕТО НА Д-Р МИТОВ ЌЕ ГО СМЕНИ НАШИОТ ПОГЛЕД КОН ЗДРАВЈЕТО?

„За да се сфати целокупното човеково здравје, мора да се разбере дека човекот сам по себе е целина од повеќе елементи, но и самиот човек како единка е составен дел од средината во која живее“. Вака д-р Александар Митов нè воведува во својата последна книга, „Преплетени со природата“, во која нè запознава со петте нишки на здравјето и најновите сознанија поврзани со нив.

На 21 септември (среда), во Јавна соба од 19:30 ч., на своето предавање, тој ќе нè поттикне да свртиме нова страница од животот што ќе нè однесе поблизу до здравиот и среќен живот.

Во продолжение прочитајте како предавањето на д-р Митов ќе ни го промени погледот кон здравјето, а потоа – се гледаме во Јавна соба, од каде што ќе излеземе збогатени со многу нови и корисни сознанија што можеме да ги примениме во нашите животи.

 

Ќе согледаме дека ние сме дел од природата и дека таа е дел од нас

Сведоци сме на едно колективно, постепено оддалечување од природата. Врзани за нашите бироа и работни места, речиси го забораваме она што е во нашата срцевина, во нашата генетика. Но незамисливо е човек да се оддели од природата. Ние сме дел од неа и таа е неопходна за нашето здравје и за нашиот целокупен живот.

 

Ќе се запознаеме со петте нишки на здравјето и со најновите сознанија поврзани со нив

Петте нишки на здравјето се: исхрана, движење, спиење, микробиом и нашите блиски. Сите пет се меѓусебно испреплетени и се еднакво важни за нас. Доколку станеме целосно свесни за нивната улога за нашето тело, за умот и душата, ќе успееме да ги синхронизираме. Одржувањето на нивната хармонија е балансот што ни е потребен.

 

Преку практични примери ќе видиме како да ги применуваме овие сознанија

На тој начин најдобро ќе научиме како одново да се поврземе со природата и со себеси. Сè додека имаме конкретни рецепти за здрав живот од експерти во својата област, имаме и водичи кон исполнет живот. Во мигот кога ќе сфатиме дека здравјето е повеќе од половина живот, веќе сме на половина пат до среќата.

 
И најважно од сè – ќе сфатиме зошто таа врска меѓу нас и природата е клучна за здрав и среќен живот

Исхраната, движењето, спиењето, микробиомот и социјалните интеракции, односно дружењето, ни го дефинираат здравјето во светлината на современите научни студии за тоа што претставува здрав начин на живот. Петте испреплетени аспекти на нашиот живот се прелеваат една во друга. Затоа, поврзете ги точките и препуштете се на она што ни е дадено од природата!

Се гледаме на 20 септември во Јавна соба!

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново