СПИСОК НА КНИЖЕВНИ ПРЕДЛОЗИ: ВО КОЈА БОЈА ЌЕ ГО ОБОИТЕ ВИКЕНДОТ?

СПИСОК НА КНИЖЕВНИ ПРЕДЛОЗИ: ВО КОЈА БОЈА ЌЕ ГО ОБОИТЕ ВИКЕНДОТ?

Или имаме слободно време за читање книги или ослободуваме време за читање. Слободно или ослободено, се подготвуваме за читачки викенд! Имаме неколку предлози за вас од нашата палета на зборови. Во која боја ќе го обоите викендот?

Црвена – „Трите ќерки на Ева“од Елиф Шафак

Црвената боја е симбол на храброста, жртвувањето и опасноста. Токму како во романите на Елиф Шафак, чии хероињи бестрашно се фаќаат во костец со реалноста. Во оваа книга на Шафак, среде опасноста од терористичките напади што го тресат градот, Пери храбро се соочува со болните спомени од детството и жртвите што морала да ги направи.

Небесно сина – „Внатрешен инженеринг“ од Садгуру

Бојата на небото и океаните симболизира инспирација, мир и мудрост. Затоа, ако сакате да внесете нијанса на спокојство во својот живот, земете ја в раце оваа книга. Садгуру го осветлува патот на милиони луѓе низ светот – откријте во што е тајната. Зборовите на Садгуру се како ветер што ги растерува облаците и го остава небото кристално сино.

Црно-бел свет – „А пропо ништо“ од Вуди Ален

Црно-белата филмска клапа тропнува со извик: акција! Тоа значи дека е време за автобиографија на славни режисери. Вуди Ален со црно-бела клапа создава колоритен филм. Овој пат, наместо на платно, го гледате филмот на хартија – а сепак толку живописен и полн со возбудливи детали.

Чисто и огледално – „Живот“ од Лујза Хеј

Потребно ви е да се огледате и во својот одраз да ја пронајдете вистинската цел во својот живот? Лујза Хеј го има огледалото на сигурна и среќна иднина. Соочете се со нејзините зборови, соочете се со сопствените проблеми, стравови и предизвици. Кога ќе стигнете до последните страници од оваа книга, огледајте се уште еднаш. Дали сте истите?

Аурора – „Фондација“ од Исак Асимов

Поларната светлина е толку чудесна што ни вдахнува чувство како да сме на некоја друга планета. Истото што нè обзема додека ја читаме „Фондација“, ремек-делото на мајсторот на научната фантастика. Обој се во блескаво бела боја што трепка, како онаа на ѕвездите. Замини до крајот на Галаксијата!

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново