ГОЛЕМИ ПРИЗНАНИЈА ЗА ТРИ НА ГОДИНЕШНИОТ САЕМ НА КНИГАТА

ГОЛЕМИ ПРИЗНАНИЈА ЗА ТРИ НА ГОДИНЕШНИОТ САЕМ НА КНИГАТА

Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) денес ги објави добитниците на годишните признанија за најуспешни изданија помеѓу два саема, а Издавачкиот центар ТРИ и оваа година се закити со високи признанија за својата работа.

Комисијата на МАИ му додели на ТРИ вкупно 6 признанија во повеќе категории, и тоа:

- Прва награда ЗА ИНОВАТИВНОСТ за мобилната апликација за читање на електронски книги Kniga.mk
- Прва награда во категоријата ПОТТИКНУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ со проектот Карантински приказни, издание кое директно го поддржува македонското здравство 
- Прва награда во категоријата НАЈДОБРА КНИГА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ за изданието „Мочурливци“ од Барбара Симонити, во превод од словенечки на Дарко Спасов 
- Втора награда во категоријата НАЈДОБРА ЕДИЦИЈА за „Магични приказни“ едиција (поддржана од програмата Креативна Европа на Европската Унија) 
- Трета награда во категоријата НАЈКРЕАТИВНО ИЗДАНИЕ „Планум креативност“ и „Планум продуктивност“ од Александра Шаровиќ Атанасовска (издание на Паблишер) 
- Трета награда во категоријата ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈУСПЕШЕН ДОМАШЕН АВТОР за авторот на ТРИ, Ана Јовковска и нејзината книга „Сакам, значи постојам“.

Одлуката за наградите на МАИ ја носи специјална надворешна комисија во чиј состав оваа година беа Иван Шопов, Тони Димков и Наташа Атанасова, а официјалниот настан за доделување на наградите ќе се одржи во петок, 11 септември од 11 часот во Промотивниот центар на отворениот Саем на книгата во Скопје. 


Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново