ФОТОКОНКУРС – КОЈА Е ТВОЈАТА КНИЖЕВНА ДЕСТИНАЦИЈА

ФОТОКОНКУРС – КОЈА Е ТВОЈАТА КНИЖЕВНА ДЕСТИНАЦИЈА

Летото не можеме да го замислиме без патување и книги. Тоа за многумина е добитна комбинација. Пакување на ранец, откривање на нови места, пешачење по тесни улички, искачување на врвови некаде далеку и на крај – уживање со книга в раце додека земаш здив од премногу истражување. 

Издавачки центар ТРИ и ПАБЛИШЕР ги повикуваат сите патувачи и читатели кои сакаат да дознаат што се крие зад хоризонтот да се приклучат на наградниот конкурс „Моја книжевна дестинација“ и да ги споделат со нас патувањата кои засекогаш остануваат запаметени.  

За да бидете дел од оваа игра, потребно е на својот профил на Инстаграм да објавите фотографија со некоја книга од нашата издавачка продукција, да нè означите и да го искористите хаштагот #МојаКнижевнаДестинација. Лајковите не се земаат предвид, само ослободете ја креативноста од себе и споделете ги со другите своите неверојатни доживувања! 

Фотоконкурсот трае од 1 до 31 јули, а нашиот тим ќе ги избере најкреативните фотографии и ќе ги награди со пакет книги на ТРИ и ПАБЛИШЕР. 

Патувај, читај и инспирирај!

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново