НАЈПОЗНАТИ БЕЗВРЕМЕНСКИ КНИЖЕВНИ РЕЧЕНИЦИ ОД НЕКОГАШ ДО ДЕНЕС

НАЈПОЗНАТИ БЕЗВРЕМЕНСКИ КНИЖЕВНИ РЕЧЕНИЦИ ОД НЕКОГАШ ДО ДЕНЕС

Секој човек е мала книжевна ризница. Составена од зборови што ги создала неговата душа, и од зборови што ги прочитал и вечно му се загнездиле во мислите. Тие се книжевните цитати – мудрости што секој ги носи во умот и ги негува во душата.

Каде и да те пуштил животот, секогаш сè почнува од книжевноста. Па, да одвоиме малку време за некои од најпознатите безвременски книжевни реченици. Имате ли свој омилен цитат?

„Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“ – „Ана Каренина“ од Лав Толстој


„Без оглед на тоа од што се направени нашите души, неговата и мојата се исти.“ –„Оркански височини“, Емили Бронте


„Она за што вреди да се умре е она за што вреди да се живее.“ – „Квака-22“ од Џозеф Хелер


„Човек гледа добро само со срцето. Најсуштественото е невидливо за очите.“ – „Малиот принц“ од Антоан де Сент-Егзипери


„Денес луѓето ја знаат цената на сè, и вредноста на ништо.“ – „Сликата на Доријан Греј“ од Оскар Вајлд


„Не е страшно да умреш. Најстрашно нешто е да не живееш.“ – Виктор Иго, „Клетници“


„Едно утро, кога Грегор Самса се разбуди од мачните соништа, се најде преобразен во својот кревет во ужасна гадинка.“ – „Преобразба“ од Франц Кафка


„Сеќавањата кои ги ценам најмногу, не гледам дека избледнуваат.“ – „Никогаш не оставај ме“ од Казуо Ишигуро


„Единствената одлука што треба да ја донесеме е како да го искористиме времето кое го имаме на располагање.“ – „Господар на прстените“ од Џ. Р. Толкин


„Така ти е тоа...“ – „Кланица 5“ од Курт Вонегат


„Кој го контролира минатото, ја контролира и иднината; кој ја контролира сегашноста, го контролира минатото.“ – „1984“ од Џорџ Орвел


„Спомените ве топлат однатре. Но во исто време, тие и ве раскинуваат.“ – „Кафка на брегот“ од Харуки Мураками


„А сепак недежта е опасна состојка што умее да поттикне верижна хемиска реакција во човековата душа.“ – „10 минути и 38 секунди во овој чудесен свет“ од Елиф Шафак

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново