„ТАТКОТО“ – МАЕСТРАЛНАТА ПИЕСА НА ФЛОРИЈАН ЗЕЛЕР ШТО ГО ОСВОИ И ФИЛМСКИОТ СВЕТ

„ТАТКОТО“ – МАЕСТРАЛНАТА ПИЕСА НА ФЛОРИЈАН ЗЕЛЕР ШТО ГО ОСВОИ И ФИЛМСКИОТ СВЕТ

Францускиот драмски писател Флоријан Зелер, веќе добро познат во театрите низ Европа, влезе во светот на филмот на голема врата: неговиот прв филм „Таткото“, работен според неговата најпозната драма, му ги донесе наградите Оскар и Бафта за најдобро адаптирано сценарио, а на „таткото“ Ентони Хопкинс признанието за најдобар актер.

Францускиот драматург долго ги полнеше театарските сали со духот на оваа приказна за една ќерка која го губи трпението со 80-годишниот татко, кој пак го губи допирот со реалноста. Приказнава што веќе одамна театрите неформално ја прогласија за најбарана драма во последната деценија, беше адаптирана на филмското платно, а минатата недела до тој наслов застанаа оскаровската статуетка и наградата Бафта, убедливо највисоките признанија во филмскиот свет.

Оваа „трагична фарса“, како што ја нарекува Зелер, влегува во умот на таткото Андре чија улога ја игра Хопкинс. Како што бледнее стварноста на Андре, така бледнее и дејството во филмот. Зелер ја прави изводлива на платно играта со умот и неговите димензии – нешто што изгледа невозможно да се претстави на сцена.

Инаку, оригиналниот текст на драмата можете да го прочитате и на македонски јазик, во книгата „Драми“ што ја објави Издавачки центар ТРИ. Покрај „Таткото“, книгата содржи уште шест драмски текстови: „Таа те чека“, „Денот на мајката“, „Вистината“, „Другиот“, „Вртелешка“ и „Ако умреш“ – сите познати пиеси на овој голем француски талент за кој допрва ќе слушаме.  

Ако сè уште не сте ја прочитале оскаровската драма, впуштете се во оваа емотивната приказна, а потоа изгледајте го и филмот со Хопкинс – за остри оскаровски искуства. Па, колку е реална реалноста?

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново