КНИГИТЕ СЕ ДЕЛ ОД ТВОЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ? СТАНИ И ТИ ДЕЛ ОД НИВНОТО – ВРАБОТИ СЕ ВО ТРИ!

КНИГИТЕ СЕ ДЕЛ ОД ТВОЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ? СТАНИ И ТИ ДЕЛ ОД НИВНОТО – ВРАБОТИ СЕ ВО ТРИ!

Книжарот е главен лик за секој читател. Зошто? Зашто точно знае која книга му е потребна на секој читател. Препораките на еден книжар можат да го сменат животот не на еден, туку на многу читатели. 

Ако книгите се ваше секојдневие и ако сте вљубени во секоја страница, пријавете се!

Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (книжевност се смета за предност)
- Пожелно е работно искуство на иста или слична позиција
- Одлично познавање на работа со компјутер
- Познавање на англиски јазик.

Потребни способности и вештини:
- Одлично познавање на книжевноста и издавачката сцена во Македонија
- Одлични организациски способности
- Вештини на продавање
- Комуникативност, отвореност, љубезност
- Способност за работа со клиенти
- Висока професионалност
- Подготвеност за работа во смени
- Заинтересираност за новитети.

Време за пријавување на огласот – до 10.05.2021 г.
Ги повикуваме заинтересираните кандидати да пратат CV на македонски и мотивациско писмо на: kariera@kniga.mk

Ќе се земат предвид само апликантите кои целосно ги исполнуваат наведените услови.

 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново