УШТЕ ДЕНЕС ОДЛУЧЕТЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ ЖИВОТОТ ПОДОБАР

УШТЕ ДЕНЕС ОДЛУЧЕТЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ ЖИВОТОТ ПОДОБАР

Нему не му треба посебно претставување, но сепак – Тони Робинс е претприемач, еден од најпродаваните автори и најдобриот стратег за деловен развој во светот, но и голем филантроп. Над 50 милиони луѓе присуствувале на неговите семинари, обуки и вебинари за деловен и личен развој. Неговата заработка надминува 6 милијарди долари годишно. Автор е на шест меѓународни бестселери, вклучувајќи ги „Разбудете го џинот во себе“ и „Неограничена моќ“, кои биле инспирација за многу славни личности. Тони Робинс им помага на луѓето да живеат поздрав, побогат, поисполнет живот и им ја открива насоката по која треба да одиме за да стигнеме онаму каде што сакаме.

Својот најдобар совет го добил уште во младоста, кога еден од неговите ментори, Џим Рон, му рекол: „Тони, среќата и успехот во животот не се резултат на она што го имаме, туку на начинот на кој живееме. Начинот на кој се однесуваме кон она што го имаме игра клучна улога за квалитетот на животот“.

Но како почнало сè?

Како што вели самиот: „Јас сум опсесивна личност. Сакам да знам што го менува квалитетот на животот на луѓето.Повеќе од 40 години Тони им помага на луѓето да ги живеат своите најдобри животи,а сè почнало уште кога билдете. Тони се сеќава дека бил малтретиран од едно популарно дете во средното училиште и секогаш се прашувал како некој толку лош може да биде толку популарен? Сакал да ја разбере човечката психологија, да разбере што ги мотивира луѓето да бидат такви какви што се. Проучувајќи го однесувањето,открил обрасци и развил методи кои за кратко време станале барани. На милиони луѓе им докажал дека со користење на моќтана умот можат да постигнат и да создадат сè што сакаат во животот. Им покажал на државниците, членовите на кралското семејство, на олимпијците, професионалните спортисти, филмските ѕвезди, па дури и на децата како да го постигнат тоа. 

Со оглед на неговиот огромен успех во деловниот свет, луѓето се прашуваат која била неговата прва инвестиција. Работејќикако чистач кога имал 17 години, Тони прашал еден свој колега како може да стане успешен. Човекот му кажал дека посетил еден семинар на кој во три часи биле собрани децении знаење и искуство. Семинарот чинел колку неделната плата. Сепак,Тони одлучил да инвестира и да присуствува на семинарот. Толку бил воодушевен од говорникот што сакал да работи за него, но единствениот услов за тоа било да ги помине сите часови, инвестиција вредна 1.200 долари. Тони, кој тогаш живеел во својот автомобил, одел од банка во банка, сѐдодека не нашол една која му одобрила заем. 

Морате да инестирате во себе, многу повеќе отколку во својата работа, вели Тони. Најдобрата инвестиција сте вие самите

Која е главната водилка во неговите книги и на неговите семинари?

Која е таа сила која го обликува квалитетот на нашиот живот? Која е таа моќ која ја имам, а која може сè да промени? Сите знаеме дека тоа е изборот. Нашите одлуки, а не условите во кои се наоѓаме,го одредуваат квалитетот на нашиот живот. 

Успехот е резултат на доброто расудување, доброто расудување е резултат на искуството, а искуствотое најчесто резултат на лошото расудување. Но токму тоа искуство е неверојатно вредно – непроценливо! Според Тони,не треба да трошите време казнувајќи се поради лошите одлуки штосте ги донеле, туку учете од искуството. Кога ќе постигнеме успех, славиме. Кога нема да успееме, размислуваме: Што се случи? Што можев поинаку да направам? Вашиот живот зависи од вашите одлуки и од она што сте го презеле како резултат на тие одлуки.

Ако сакате да ја контролирате насоката во која се движи вашиот живот, морате секогаш да носите добри одлуки. 

Живееме во многу тежок период. Секој ден читаме за одредени предизвици и се соочуваме со нив, најчесто во врска со работите врз кои немаме контрола, без разлика дали се работи за економија, животна средина или невработеност. Една од одлуките која можеме да ја донесеме,според Робинс,е да живееме со ментално изобилство. Аконаучиме да живееме така што ќе мислиме дека богатството се наоѓа во нашите умови, а не во паричниците,и ако можеме да разбереме дека како се чувствуваме е поважно од она што имаме–ќе откриеме неверојатно чувство на слобода и среќа. 

И на крај,одредете кои се вашите стандарди.Што сакате од животот? Уште денес одлучете дали го прифаќате животот таков каков што е и дали ќе го живеете својот живот според сопствените услови и најдобро што можете?

Токму со овие совети Тони Робинс успеа да го смени животот на различни групи луѓе, од претседатели на држави до професионални спортисти, од менаџериидомаќинки до генерални директори. 

Во својата најнова книга,која наскоро ќе излезе во издание на ПАБЛИШЕР, Робинс ќе ви покаже како да го откриете она што го сакате, како да го репрограмирате умот и да ги елиминирате стравовите, како да го пресликате туѓиот успех и како чекор по чекор да постигнете врвни резултати остварувајќи емоционална и финансиска слобода.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново