НЕОБИЧНИ РАЗГОВОРИ ЗА ДУХОВНО БУДЕЊЕ

НЕОБИЧНИ РАЗГОВОРИ ЗА ДУХОВНО БУДЕЊЕ

Нил Доналд Волш, познат по својот духовен и фасцинантен серијал книги „Разговори со Бога“, е духовен гласник на модерното време, говорник, писател, сценарист, актер. Роден и воспитан во католичко семејство во Америка, тој од млад бил охрабруван да ја бара духовната вистина. Студирал компаративна теологија, а за своите книги вели дека најголемата инспирација му е поврзувањето на човештвото со Бог од модерна перспектива. Визијата на Волш е проширување и обединување на сите присутни теологии во релевантен контекст, соодветен на денешново модерно време. Стравот од Бога, кој би можел „да го фрли во пеколот“ го наведува да побара други извори на духовност, каде не постои гневот кон човештвото, туку само љубовта. На 40-тина години, разочаран од себеси, но и од животот, почнал да пишува писма до Бога. Огорчен и лут, си давал оддишка поставувајќи прашања кои дотогаш не можел да си ги одговори. Тоа се случува во пролетта 1992 година. Додека ги запишувал своевидните обвинувања за својот живот, Нил тврди дека му се појавил гласот на Бог во облик на мисла која непречено течела и му одговарала на широк спектар прашања околу смислата на животот и целта на постоењето. Замислете да можете да му поставите на Бог прашања за постоењето – за љубовта, за верата, за добрината, за злото! За животот и смртта, за она што нѐ очекува во иднината! Можете ли да замислите дека ќе добиете разумни и јасни одговори? Токму тоа му се случило на Нил Доналд Волш. Може да му се случи на секој човек кој може да ја отвори својата мисла кон духовна преобразба.


„Ако сакате да го добиете најдоброто што светот може да ви го понуди, дајте му го на светот најдоброто од себе.“ 


Со создавање на духовнотo движење Тимот на човештвото (Humanity's Team), Волш има цел да ја буди и поттикнува вербата во новата духовност и во неограничените можности на човештвото. Во тоа дека секој од нас е едно со Бога и со животот. И дека е многу возможно да го постигнеме тоа заедништво со помагање на другите луѓе. Тој самиот вели: „Најбрзиот начин за ползување на секоја мудрост што престојува во вашата душа е да му помогнете на некој друг – затоа што сите сме едно“.

Неговите книги се преведени на над 30 јазици, а осум од нив беа меѓу најчитаните на „Њујорк тајмс“. Првата книга „Разговори со Бога“ се задржа на листата цели две години и стана глобален бестселер. Оваа недела во ТРИ имаме специјална понуда во која можете да ги набавите сите негови дела од серијалот, а акцијата можете да ја погледнете тука.

Разговори со Бога - комплет книги


Не сте тука за да создадете нешто од телото. Се наоѓате на оваа планета за да создадете нешто од душата. Телото е исклучиво и единствено оружје на душата. Умот е сила која го придвижува телото. Значи, се работи за средство чија сила се користи за создавање на она што го сака душата.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново