ТРИ ДОНИРА 1 000 КНИГИ НА МАКЕДОНСКИТЕ БИБЛИОТЕКИ ПО ПОВОД 1 000-ТО САМОСТОЈНО ИЗДАНИЕ

ТРИ ДОНИРА 1 000 КНИГИ НА МАКЕДОНСКИТЕ БИБЛИОТЕКИ ПО ПОВОД 1 000-ТО САМОСТОЈНО ИЗДАНИЕ

1 000-то самостојно издание во нашиот дом на книгите донесе многу радост. Тоа е доказ дека успешно ја остваруваме нашата мисија да го шириме пишаниот збор уште од 1999 година.

По тој повод дониравме 1 000 книги од домашни и светски автори во три библиотеки во Македонија, за читателите од Охрид, Битола и Гевгелија. Библиотеките „Св. Климент Охридски“, „Григор Прличев“ и „Гоце Делчев“ сега се збогатени со наслови што заслужуваат да бидат читани.

Оттаму се особено се радосни што ова ќе им овозможи поголема достапност до книгите, и што е уште поважно, дека ќе се прошири љубовта кон книгите што оставаат силна трага во книжевноста. Станува збор за наслови од истакнати автори кои ја продолжуваат традицијата на македонската квалитетна книжевност, и за темелници во светската класика, како и за современи модерни дела.

За нас, 1 000 самостојни изданија значат 1 000 квалитетни книги од домашни автори, преводи од многу современи автори и класици, наслови од сите жанрови. Во чекор со времето и оживувајќи го споменот на целокупната литература, секоја од овие книги има посебно место во нашиот список на објавени книги.

Во библиотеките, книгите го најдоа своето огниште. Кај нас, веќе живеат. Тука секој читател е добредојден.

Ви благодариме што сте во чекор со нас, поттикнувајќи нè да продолжиме да го облагородуваме светот.

Книгите се единствената љубов што ја даваме, а ни се враќа во облик на енергија, разум или чувство. Ние сме книгите што ги читаме. Да продолжиме да читаме прекрасна литература!

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново