Оглас за вработување

Оглас за вработување

Нашиот тим има потреба од нов креативен член, посветен на дизајнот, и колега со кого ќе можеме да разменуваме идеи.

Потребни квалификации и вештини
- Задолжително работно искуство од минимум 2 години на позиција графички дизајнер
- ВСС– пожелно е кандидатот да има завршено Факултет за ликовни уметности
- Познавање на програмите за графички дизајн - Adobe: Photoshop, InDesign, Illustrator
- Одлично познавање на социјалните мрежи (Фејсбук, Инстаграм)
- Одлични аналитички и комуникациски вештини
- Креативност
- Око за детали
- Флексибилност
- Почитување на крајни рокови
- Организираност

Секоја дополнителна квалификација ќе се смета за предност.

Цел и одговорност на работното место:
- Графички дизајн и подготовка на корици на книги
- Дизајн и подготовка на маркетинг-материјали
- Подготовка на припреми за печатење
- Дизајн на визуелни решенија за маркетинг-кампањи и за продажни промоции
- Применување на новитетите во насока на подобрување на печатените и на визуелните комуникации на дефинираните цели.

Што нудиме?
- Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 8:30 до 16:30 часот
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
- Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот.

Сите заинтересирани кандидати својата кратка биографија и портфолио треба да ги достават на kariera@kniga.mk, најдоцна до 01 мај 2022.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат сите критериуми.

 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново