САЕМ НА КНИГАТА 2021

САЕМ НА КНИГАТА 2021
Толку многу да се види. Толку многу да се прочита.

Среќата не е физички простор, освен кога станува збор за Саем – среќата не може да се купи, освен кога станува збор за книга.

Вашето среќно место е пред штандот на ТРИ и меѓу страниците на книгите. Таму залудно си повторувате: само уште една книга. Но не задоволувајте се со малку! Земете си бескрајна инспирација од нашиот штанд на овогодишниот Саем и ставете ја на своите полици.

Од 8 до 14 септември трае Саемот со најголем број новости – книжевни хитови кои одамна ги очекуваме. Јапонската книжевна ѕвезда Мураками со своето ново дело со кое го освојува светот, новата читачка атракција „Ахиловата песна“ од Мадлин Милер која ве пречекува каде и да кликнете, нобеловците Казуо Ишигуро и Марио Варгас Љоса, и сите останати стари добри, но и нови наслови, какви што се делата на класиците.

Саемскиот попуст ќе биде секојдневен на нашиот штанд, а во меѓувреме ќе бидете известувани за посетите од писателите – не пропуштајте ја можноста да добиете потпишан примерок од вашата омилена книга или пак да поразговарате со својот омилен писател. Особено не се пропушта средба со истакнатите домашни автори кои на Саемот пристигаат со нови книги, како Наташа Сарџоска, Виолета Танчева-Златева и Стефан Маркоски.

Додека го правите изборот на приказните што ги посакувате, разгледајте го Саемскиот каталог на ТРИ и на Паблишер и повторувајте си во себе: никогаш доволно Саеми – никогаш доволно книги!


Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново