КНИГИ ОД ПАБЛИШЕР ШТО СЕКОЈ ТРЕБА ДА ГИ ПРОЧИТА

КНИГИ ОД ПАБЛИШЕР ШТО СЕКОЈ ТРЕБА ДА ГИ ПРОЧИТА

Подготвени сте да преземете иницијатива и храбро стоите пред успесите по кои копнеете? Дали знаете дека од успехот ве дели само празна полица која треба да се наполни со книги за мотивација, не само за деловен туку и за личен развој?

За сите кои се стремат кон високи врвови направивме список од книжевни прирачници од најпознатите светски мотивациски автори. Погледнете ги изданијата на Паблишер што секој човек мора да ги прочита барем еднаш во животот.

„Мисли и збогати се“ од Наполеон Хил

Ако сè уште не сте започнале да читате мотивациска литература, тогаш треба да започнете со оваа книга и со Наполеон Хил, кој се смета за татко на овој жанр. Не оставајте го успехот за утре – прочитајте ја уште денес „Мисли и збогати се“, која е меѓу 10-те најпродавани книги за самопомош на сите времиња.

„Цели“ од Брајан Трејси

Брајан Трејси е задолжителен автор за сите кои се стремат кон успехот. Име без кое не можат да се замислат достигнувањата на милиони бизнис-лидери низ светот. Преточете ги во практични чекори неговите извонредни и докажани совети од книгата „Цели“. Преземете иницијатива – нема оправдувања за неуспех!

„Разбудете го џинот во себе“ од Тони Робинс

Гигантот на успехот го буди џинот во секој читател. Моќниот израз на реномираниот експерт за промените ќе ви ги открие најефикасните стратегии за справување со проблемите во вашиот личен и професиoнален живот. Станете личност каква што секогаш сте сонувале да бидете!

„Размислувај како монах“ од Џеј Шети

Книга што ги освојува читателите насекаде низ светот, што ќе ви докаже дека да се размислува како монах значи да се успее во животот. Мотивирачки, прониклив и практичен прирачник што ќе ви открие многу мудрости, ќе ви помогне да се ослободите од негативните мисли и да се препуштите на смиреноста која лежи во сите нас. Да се размислува како монах денес повеќе не е избор, туку потреба!

„Будење на свеста“ од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ

Вашата лична вистина ќе ја пронајдете меѓу кориците на оваа книга. Збирот од многу индивидуални свести ја прави колективната свест. А кога сите би биле свесни за максимумот за кој сме способни и за потенцијалите што се кријат во секој од нас, ќе се промени целото ниво на свест на светот.

„Почни со зошто“ од Сајмон Синек

Колку „зошто“ се потребни за да се стигне до врвот? Во бизнисот не е важно што правите, туку зошто го правите тоа. Ако ја изгубите суштинската причина, тогаш ќе ја изгубите и моќта да бидете лидери. Затоа, поставете го своето „зошто“ на врвот, и подајте ги рацете кон него. Наскоро, тоа ќе се преобрази во пехар.

„Вие сте вашите уверувања“ од Смиљан Мори

Смело разоткривајќи ги сопствените падови и подеми, Смиљан Мори се ослободил преку вистината, која ни ја пренесува на едноставен и применлив начин. Денес оваа книга за неговиот животен пат е водилка до успехот што нѐ учи како да станеме самоуверени, храбри, отворени за промени. Вие заслужувате да ја знаете својата вредност – и да му ја покажете на светот!

„Моќта на навиките“ од Чарлс Дјухиг

Дознајте го начинот на кој функционираат навиките и подгответе се за промена. Секако, кон подобро! Тоа го можете заменувајќи ги лошите навики со корисни. Ако верувате дека можете да се промените – тогаш промената станува реална. А кога добрите промени ќе станат рутина, тогаш неумоливо стигнуваме до успехот. Навикнете се на успех!

„7 навики на успешните луѓе“ од Стивен Кови

Ако веќе зборуваме за моќта на навиките, треба да се посоветуваме и со Стивен Кови, човекот што добро знае како функционира свеста. Оваа негова книга е обемна програма за развивање на свеста за тоа како перцепцијата и претпоставките го попречуваат успехот. Научете како тие да функционираат во ваша полза!

„Начинот на волкот од Волстрит“ од Џордан Белфорт

Убедувањето е уметност. Уметност е и начинот на кој контроверзниот Џордан Белфорт доаѓа до неверојатен успех. Неговите тајни на убедување му помагаат да создаде огромно богатство за себе и за своите клиенти. Не останувајте само на убедувања дека ќе бидете успешни – искористете ги за рушење рекорди!

 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново