ИНТЕРЕСНИ ПОДАТОЦИ ЗА СВЕТОТ НА КНИГИТЕ ШТО МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ (ПРВ ДЕЛ)

ИНТЕРЕСНИ ПОДАТОЦИ ЗА СВЕТОТ НА КНИГИТЕ ШТО МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ (ПРВ ДЕЛ)

Многумина од нас посакуваат со книга в раце да се сместат на удобна фотелја, пред камин или пред прозорец од кој се протега пролетен предел, и да избегаат од сивите денови. Или да читаат додека патуваат на работа, уживаат на пикник во парк… Книгите ни даваат неповторлива можност да се оддалечиме од светот и да се проектираме себеси во некој друг, поразличен, а многу често и повозбудлив свет. Па не е чудно што страсниот читател „поминува“ дури и по неколку книги месечно.

За сите кои секојдневно се дружат со книгите или кои планираат на приказните да им отстапат повеќе простор во животот, подготвивме компилација од интересни, необични и возбудливи факти за светот на книгите.

Најдолгата реченица што некогаш е објавена во книжевноста е напишана од Џејмс Џојс, во неговото дело „Улис“. Реченицата содржи 4.491 зборови.

Ако ја вклучевме реченицата во нашата статија, на крај таа ќе испаднеше многу долга. Затоа само ќе ја наведеме информацијата за неа и ќе додадеме дека, според Гинисовата книга на рекорди, за најдолга се смета една реченица од книгата „Авесалом, Авесалом!“ на Вилијам Фокнер, со 1.287 збора.

Од 1 дрво можат да се произведат 50 книги.

Одржливоста е многу важен факт за секојдневието во кое живееме. Затоа, звучи одлично податокот дека од едно дрво можат да се произведат 50 книги, особено што печатарските компании користат целосно одржлива хартија.

Најскапата книга во светот е „Лестерски кодекс“ од Леонардо да Винчи. Купена е од Бил Гејтс за 30,8 милиони долари.

Во 1994 година Бил Гејтс ја купил книгата според таа цена, но ако одлучи да ја продаде денес, таа сигурно ќе чини многу повеќе.

За чудо, книгите за Хари Потер се едни од најзабрануваните во Америка, поради промоција на вештерство и прикажување на силите на мракот и злото со кои се соочуваат главниот лик и неговите пријатели.

Серијалот за малиот волшебник со лузна на челото бил забрануван во католичките училишта затоа што во голема мера е свртен кон волшепство и вештерство. Поради тоа не се сметал за соодветен пример за младите генерации.

Во Франција е нелегално името Наполеон за...

И покрај тоа што Џорџ Орвел не е меѓу живите уште од 1950 година, ако во Франција на некоја свиња ѝ се даде име Наполеон, тоа претставува навреда за целата држава.

Во просек, секоја година се објавуваат над 900.000 нови книги

Тешко е да се дојде до точната бројка на издадени книги, но светот секоја година добива околу 1 милион нови наслови што чекаат да се сместат во домовите на читателите.




Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново