НА ИСТА ЛОКАЦИЈА СО ЛИКОВИТЕ ОД КНИГИТЕ

НА ИСТА ЛОКАЦИЈА СО ЛИКОВИТЕ ОД КНИГИТЕ

Ве предизвикуваме да застанете на истата точка, во градовите каде што живеат или патуваат вашите омилени ликови од книгите. Сè додека поминувањето на границите е недостижно, можете фиктивно да патувате со нив. Погледнете кои места ги посетуваме денес.

Токио

Просторот од романите на Мураками секогаш има силна спиритуална енергија. Особено во „Кафка на брегот“, во кој протагонистите одат на различни дестинации. Влезете  во другата димензија на Токио, патувајте низ таинствената шума во Кочи во кое времето застанало или на кое било место на северот на Јапонија, од Шикоу до Такамасту.

Осло

Штом во литературата ќе се спомене Осло, веднаш помислуваме на Ју Несбе и, секако, на Хари Хуле. Кога би правеле тура низ Норвешка, би ги следеле неговите чекори. Сите места што ги опишува Несбе реално постојат и ни нудат убава прошетка низ Осло. Можеме да почнеме од родната Софиина улица на Хуле и да завршиме на Холменкол, во големата старинска куќа на неговата голема љубов.

Истанбул

Еден од ликовите на Елиф Шафак во нејзината книга „Копилето од Истанбул“ заминува од Америка во Истанбул во потрага по своите корени. Кога ќе стигнете таму, ќе го доживеете Истанбул во сите негови мириси и бои. И не заборавајте да застанете кај Капали чаршија и Улица Истиклал!

Берлин

Потрагата по островот во „Годините кога научив да летам“ продолжува и во Берлин. Тргни и ти со Михаил и Малајка, особено ако веќе имаш престојувано во Берлин, па нема да мора да зјапаш во Берлинскиот ѕид или Рајхастагот. Замини во Темпелхоф, санаториумот Елизабет или фабриката Рудерс. И не заборавај да ѕирнеш во напуштениот дел, во пукнатините на градот. Таму секогаш се откриваат неверојатни работи!

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново