Зимски фестивал на книгата во ТРИ

Зимски фестивал на книгата во ТРИ

Прегратките со добра книга се зимски спокој што ќе ве стопли во студените зимски денови.

Од денес започнува популарниот Зимски фестивал на книгата во ТРИ кој секоја година ја носи најдобрата книжевна понуда во градот. Традиционално, со започнувањето на празничните денови, започнуваат и неодоливите новитети, попусти на сите изданија, како и дополнителни акции и наградни игри кои ќе се случуваат од 21 декември до 31 јануари 2021, во книжарниците на ТРИ и онлајн.

Постојат неколку причини зошто треба да бидете дел од настанот што ја заокружува читачката година и да започнете со ново поглавје во вашиот живот и во вашите книжевни доживувања.

Големи попусти

Фестивалот носи сезонски попусти од 20 до 70 % на над шестотини изданија на ТРИ и на Паблишер, избор од 60 наслови по специјална цена од само 99 денари, екстра попуст за купени 3 или повеќе книги и многу други изненадувања за читателите. Освен неповторливите понуди на цените и извонредните нови наслови, Фестивалот нуди и инспиративна празнична еуфорија која ќе ве воодушеви – оригинално бесплатно пакување и мини честитка, како и изненадувања за најмладите.

Подароци со трајни вредности

Во пресрет на новогодишните празници и сезоната на подарување, како и секоја година, Фестивалот нуди навистина квалитетен и широк избор на книги за подарок – за себе, за блиските и за подалечните, вредни дела од најразлични жанрови и за сечиј вкус. Креативно спакувани и со убава порака, новогодишните пакетчиња за деца и возрасни во ТРИ се подарок што секого ќе освои од прва.  

Промоции

Секоја година Фестивалот е можност за претставување на нашите нови изданија. Па така, и оваа година тој ќе започне со ексклузивна промоција на две нови книги од најчитаниот автор на трилери во моментов – Ју Несбе, романите „Жед“ и „Нож“, 11. и 12. продолжение од прочуениот серијал за инспекторот Хари Хуле. Следуваат ексклузивни нови изданија – романи од Харуки Мураками, трилери од Шари Лапена и Карен Мекманус, нови книги од гуруата Тони Робинс и Брајан Трејси, Ошо и Дипак Чопра, нов прирачник за личен развој „THRIVITY Активатор, психолошките бестселери „Детето мора да си го најде својот дом“ и „Ајде да ти раскажам“, многу нови и интересни изданија за деца – „Азбука“ на Стела и Сани, романи за деца од Ју Несбе и Мет Хејг и многу актуелни наслови кои можете да ги погледнете во фестивалскиот каталог.

Празнувај каде и да си

Фестивалот на книгата ќе се одвива во нашите книжарници – ГТЦ, Дебар Маало и ТЦ Зебра, но и онлајн на www.kniga.mk (понуда со изданија) и на www.prikazni.mk (блогот на ТРИ со сите информации и новини). Целата понуда на Фестивалот е достапна за онлајн нарачки, кои ќе пристигнат во вашиот дом за само неколку дена и во убава, новогодишна декорација.

Прегрни се со книгите и подари прегратка! 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново