ИГОР ЏАМБАЗОВ

ИГОР ЏАМБАЗОВ

Игор Џамбазов e македонски актер, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец. Роден е на 15 јули 1963 година, во Скопје, во семејството на композиторот Александар Џамбазов и актерката Анче Џамбазова, како внук на истакнатиот актер Петре Прличко. По дипломирањето на Академијата за драмски уметности работи во Драмски театар, а подоцна преминува во МНТ. Одреден период имал можност да работи во МНТ додека во него сѐ уште глумеле мајка му Анче Џамбазова и дедо му Петре Прличко.

Во 2013 г. Издавачки центар ТРИ објавува нови изданија на неговите книги „Гол човек“ (првпат издадена во 2005 г.) и „Прирачник за анти антиалкохоличари“ (првпат издадена во 2011 г.) и станyва ексклузивен издавач на сите негови понатамошни дела. Во 2013 г. излегува од печат „Приказни од Мјаyкедонија“, роман напишан од гледната точка на Игоровата мачка Емилија Џамбазова Бавчанска, за разлика од неговите први автобиографски дела.

Следната книга на Џамбазов, „Облечен човек“, е промовирана на 15 декември 2014 година, во кафе-барот „Форца“ во Скопје. Книгата има 250 страници и содржи десет раскази. Промоцијата на романот „Умрен човек“ се одржа на 12 април 2016 г., на Саемот на книгата.

„Улица Диши длабоко“ е збирка од најпознатите песни напишани или изведени од Игор Џамбазов. Покрај незаборавните блуз-стихови се дадени и забавни описи за инспирацијата и процесот на нивното настанување, како и општествените (не)прилики, интимните исповеди и сите негови (не)згоди и пороци. Промовирана е на 27 декември 2017 г., во ресторанот „Вип база“.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново