РАДОВАН ВИТОШЕВИЌ

РАДОВАН ВИТОШЕВИЌ

Радован Витошевиќ е магистар по економски науки, со специјализација во сферата на менаџмент, финансии, маркетинг и мрежен маркетинг, и тоа на Универзитетот Шефилд, еден од 100-те најдобро рангирани универзитети во светот. Повеќе од 10 години работи како професионален менаџер во мултинационални компании и финансиски друштва. Извршен директор во повеќе компании во повеќе земји, себелидер и лидер на други, корпоративен тренер, јавен говорник, претприемач и инвеститор. Организатор и говорник на стотици бизнис-настани и иницијатор на повеќе социјално одговорни настани и проекти за заштита на околината.

Тој е еден од тимот основоположници на кешбек програмата и генерално лојалти индустрија, како и поставувач на нови стандарди во мрежниот маркетинг и популаризирање на препорачувачкиот маркетинг во Македонија. Освен што успеа комплетно да промени две индустрии во македонската економија, неговата работа претставува успешно долгогодишно залагање во бизнисите, како и во овозможувањето на поубав живот на стотици наши семејства.
Освен што е коавтор на книгата Будење на свеста, тој е високосвесно, креативно и духовно битие кое се занимава со лична и колективна преобразба, сакан сопруг и член на прекрасно семејство. Tој верува дека оваа книга има моќ позитивно да го трансформира животот на сите човечки битија во општеството.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново