КАТЕРИНА АНГЕЛОВСКА
Катерина Ангеловска е тренер за личен развој и мотивациски говорник – www.katerinanagelovska.mk Нејзиниот авантуристички и позитивен дух, како и личното долгогодишно истражување во психологијата и филозофијата резултира со звањето сертифициран тренер за принципи за успех по методот на Џек Кенфилд. Програмата за личен развој по која ја препознаваме Катерина Ангеловска е базирана според принципите за успех по методот на Џек Кенфилд. Таа води разновидни обуки и работилници за личен развој и целосно е посветена на мотивирање, инспирирање и тренинг на денешните генерации, со цел да ја пронајдат големината и моќта во себе, и да станат творци на својот живот.