КОСТА ПЕТРОВ

КОСТА ПЕТРОВ

Коста Петров е основач на „Пи Ворлд“, македонска креативна агенција која ги организира некои од најголемите светски настани за маркетинг, односи со јавност и човечки ресурси во 30 земји во светот, вклучувајќи ги САД, Канада, Блискиот Исток и Азија. Во своето слободно време тој, исто така, пишува и колумни за американското издание на Huffington Post, како и за Digital Boom, еден од водечките дигитални портали во Северна Африка. За својот придонес во индустријата на настани и медиуми двапати се најде на листата на 30 највлијателни луѓе во индустријата за настани во Југоисточна Европа на Kongres Magazine.

Коста Петров е еден од најпродаваните македонски автори. Неговите три книги: „Се гледаме на врвот“, „Стравот“ и „Нашето последно кафе“ се продадени во над 20.000 примероци за помалку од три години. Живее со своето семејство во Скопје. Неговото мото е: „Секој хаос има рок на траење“.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново