АНА ЈОВКОВСКА

АНА ЈОВКОВСКА

Ана Јовковска е новинарка, колумнистка, ТВ-водителка, специјалист за односи со јавност и промоција, тренер за комуникациски вештинии личен и професионален развој, активистка и хуманистка. Авторка и продуцентка е на дебатната емисија Пулс, која се емитуваше од 2007 година во најгледаните термини на телевизијата, за што неколкупати е наградувана за најдобар ТВ-проект во Македонија. Нејзините почетоци како ТВ-лице датираат од 1994 година. Во текот на дваесет и петте години континуирана работа во различни медиуми направила над 1.500 интервјуа, анализирајќи ги актуелните социо-културни феномени. Авторка е книгите Пулсот и времето (2015, Силсонс/Матица македонска) и Ехо на слободата (2018, ТРИ).Учествувала во голем број истражувања и кампањи од областа на комуникологијата, културолошките студии, медиумското образование и креативните индустрии. Модерирала и била говорничка на над 350 дебати, конференции и трибини.

Спроведува обуки и едукативни тренинзи за комуникациски вештини, јавно говорење, родова еднаквост, медиумска култура, личен и професионален развој. Активистка и амбасадорка на добра волја е на кампањи за човекови права, здрава животна средина, социјална инклузија, родова еднаквост, права на животни и друго. Ужива да вози велосипед, не само како рекреативно, туку и како еколошко превозно средство. Им помага на луѓето и животните како еден од начините да го оправда своето постоење. Рајот го замислува како библиотека полна со книги.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново