За проектот

Овој наш проект вклучува превод на десет исклучителни дела од десет европски земји на македонски јазик. Предложените книги се стилски и жанровски различни и се обраќаат до широка и хетерогена публика, но заедничката нишка што ги поврзува е темата на семејниот живот и неговото влијание врз современиот европски идентитет.

Книги

Ви претставуваме десет исклучителни дела од десет европски земји. Сите наслови имаат особено високи естетски вредности и докажан литературен квалитет и се карактеризираат со тематска, стилска и наративна разновидност – збирки раскази, драми и литература за деца и млади.

Автори

Проектот му нуди на читателот избор од современи дела на наградувани и реномирани автори, чиј висок квалитет е потврден со многуте награди, меѓу кои петмина се добитници на Наградата за литература на Европската Унија. Повеќето од нив потекнуваат од земји чии јазици ретко се преведуваат на македонски.

Преведувачи

Како што е наведено и во нивните биографии станува збор за професионални и реномирани преведувачи чие искуство зборува за нивниот континуиран професионален развој и за нивната исклучително богата библиографија. Повеќето од нив се добитници на значајни национални и меѓународни награди за својата работа.

Актуелности

СОВЕТИ ОД СВЕТСКИ АВТОРИ ЗА РАБОТА ОД ДОМА

  Како да се облечете, да бидете физички активни и да ги избегнете вестите кои знаат да го одвлечат вним

Прочитај повеќе

ЖЕНСКО ПИСМО НА НЕДЕЛАТА

  Жените читаат, жените пишуваат, жените создаваат. Жените пренесуваат приказни, од едно на друго покол

Прочитај повеќе

ТРИ прашања со…

  Во пресрет на празникот на жената, на прашањата за рубриката „Три прашања со...“ одговара една од наши

Прочитај повеќе