ТРИ прашања со… Евгениј Хоуп

ТРИ прашања со… Евгениј Хоуп

Неговиот нескротлив дух секогаш го носи на интересни патувања и авантури, а неговиот порив да раскажува го преточува во книги кои се омилени меѓу читателите. И иако се менува низ годините, останува авантурист и трагач по добрите приказни. На Евгениј Хоуп му поставивме ТРИ прашања на кои тој со задоволство и радост ни одговори.

1.Од каде псевдонимот Евгениј Хоуп? Звучи како витез од руска бајка кој ја одржува надежта во животот… Можеш да ни откриеш повеќе? 

Пред десетина години еден дел од себе решив да го именувам како Евгениј Хоуп. Тогаш ја завршив со пишување „Парада на марионетките“ и се одлучив да ја објавам под псевдоним. Да направам дистанца од претходното творештво. Мора да признаам дека додавањето на втор идентитет, покрај веќе постојниот,дури и мене самиот ми беше необично искуство и чекор што не знаев како ќе биде прифатен. Имаше еден статус кво период, не терав ни ваму ни таму, сè до летото 2014 година,кога го направив најголемиот чекор во својот живот, барем во тие години како млада личност. Со патнички ранец, вреќа за спиење и животна мотивација инспирирана од Пајо Паторот,заминав на автостоп патувања низ Европа. Тоа патување ми ги отвори очите на секој можен начин и сфатив дека Милош Димковски ги спознава работите, а Евгениј Хоуп ги раскажува. Тие патешествија продолжуваат и до ден-денес, само на поразличен начин и трагање на поразлични нешта. 

2. Од „Парада на марионетките“ до „Годините кога научив да летам“, Милош се трансформира, бара нови места во себе и во светот. Каде е сега Милош, физички и умствено? 

Да не беше новонастанатата ситуација, можеби сега би бил некаде во Азија или,во најмала рака,восопственото искуство би ги вброили државите како Мароко, Казахстан, Азербејџан, Исланд...И самиот се прашувам какви нови приказни би можеле да произлезат од сите тие патувања. Но, тоа е што е. Физички сум сконцентриран во Куманово, а често сум и на семејната викендичка во село Јачинце. Ама паралелно сум и насекаде низ Македонија. Баш сакам зимава што е можно почесто да одам во Јачинцеи да завршам со пишување на новата книга. Во главата си имам изградено и пријатна слика: шпорет на дрва, надвор паѓа снег, а јас седнат на стол со бокал домашно вино, пишувам...А умствено–Париз, Лил и Брисел. Пред да започне пандемијата живеев неколку месеци во Париз, па оттаму се наѕираат и никулците од новата книга. Во моментот кога мислиш дека си најизгубен во животот, знај дека нешто суштинско се случува во заднина. 

3. Следната книга ќе биде... Опиши ни ја со три зборови. 

Одговорност консебеси.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново