ПРОМОЦИЈА НА ПРЕВОДИТЕ НА ЕЛЕНА ФЕРАНТЕ И БЈАНКА ПИЦОРНО – ДВЕ ИЗВОНРЕДНИ ИТАЛИЈАНСКИ СОВРЕМЕНИ АВТОРКИ

ПРОМОЦИЈА НА ПРЕВОДИТЕ НА ЕЛЕНА ФЕРАНТЕ И БЈАНКА ПИЦОРНО – ДВЕ ИЗВОНРЕДНИ ИТАЛИЈАНСКИ СОВРЕМЕНИ АВТОРКИ

Во рамки на XX-тата Недела на италијанскиот јазик во светот, денес со почеток од 17 часот ќе се одржи онлајн промоција на преводите од прекрасниот избор книги од две современи италијански авторки, Елена Феранте и Бјанка Пицорно, во издание на ТРИ.

 Се работи за две исклучителни книги со различен естетски пристап, еднакво вредни и инспиративни.

Како и претходните два романа од Неаполската сага на Елена Феранте, која се смета за една од најголемите романсиерки на 21 век, и третиот „Приказна за оние што заминуваат и за оние што остануваат“ е одлично прифатен од меѓународната  критика. Оваа книга е моќно продолжение на искрените и повеќеслојни романи во кои авторката ги следи двете пријателки Лила Черуло и Елена Греко, почнувајќи од нивното детство, од втората половина на XX и првите гoдини на XXI век, обележани од историјата на современа Италија.


Бјанка Пицорно е една од најзначајните современи италијански писателки за деца и млади, чии книги изобилуваат со фантастични елементи, но се темелат врз искуства од реалниот живот. „Поликсена со прасето“ е една таква магична приказна за едно бестрашно девојче со богата фантазија, вљубено во приказни за замоци и принцези, кое ќе тргне во потрага по вистината за своето потекло. 



Преводот и во двете книги е одлично доловен од нашата докажана преведувачка проф. д-р Радица Никодиновска. Таа преведува од италијански на македонски, и обратно. Автор е и на десетина монографии, учебници и приредени книги. За своето научно-истражувачко и преведувачко творештво има добиено неколку врвни награди и признанија. 

Промоцијата ќе ја води проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Можете да бидете дел од онлајн средбата на следниот линк на Зум:

Meeting ID: 751 0126 8517; Passcode: qY1erv

https://us04web.zoom.us/j/7510...

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново