ЧЕТВРТО ПРАВИЛО - СПОРЕДУВАЈ СЕ СО ОНОЈ ШТО СТЕ БИЛЕ ВЧЕРА, А НЕ СО ОНА ШТО Е НЕКОЈ ДРУГ ДЕНЕС

ЧЕТВРТО ПРАВИЛО - СПОРЕДУВАЈ СЕ СО ОНОЈ   ШТО СТЕ БИЛЕ ВЧЕРА, А НЕ СО ОНА   ШТО Е НЕКОЈ ДРУГ ДЕНЕС

ЧЕТВРТО ПРАВИЛО 

СПОРЕДУВАЈ СЕ СО ОНОЈ 

ШТО СТЕ БИЛЕ ВЧЕРА, А НЕ СО ОНА 

ШТО Е НЕКОЈ ДРУГ ДЕНЕС 


ВНАТРЕШНИОТ КРИТИЧАР 

На луѓето им е полесно да бидат добри во нешто ако повеќето живеат во мали, рурални општества. Еден може да биде првенец на генерацијата. Некој друг да биде шампион во спелување, гениј по математика или кошаркарска ѕвезда. Имало само двајца механичари и два-тројца наставници. Во секоја од своите бранши, овие локални херои имале можност да уживаат во самодовербата на победникот потхранета од серотонинот. Токму поради таа причина луѓето што се родени во мали градови се статистички далеку позастапени меѓу угледните. Ако сега сте еден од милион, а потекнувате од модерен Њујорк, ве има дваесетмина – а денес повеќето од нас живеат во градови. И не само тоа, станавме дигитално поврзани со сите седум милијарди. Нашите хиерархии на достигнувања се вртоглаво вертикални.

Колку и да сте добри во нешто, како и да си ги рангирате достигнувањата, секогаш ќе има некој покрај кого ќе изгледате некомпетентно. Можеби сте сосем солиден гитарист, ама не сте Џими Пејџ или Џек Вајт. Тешко дека ќе го размрдате дури и вашиот локален паб. Добар готвач сте, но има премногу одлични и врвни готвачи. Рецептот на вашата мајка за рибина глава со ориз, колку и да бил прочуен во нејзиното родно село, не поминува во ова време на пена од грејпфут и сладолед со вкус на виски и тутун. Некој мафијашки бос има покичеста јахта. Некој опседнат директор има покомплициран рачен часовник со автоматски механизам на навивање, што го чува во повредна механичка кутија од дрво и челик за часовник со автоматско навивање. Дури и најпривлечната холивудска актерка кога-тогаш ќе се претвори во Злобната кралица, вечно исплашена да не се појави новата Снежана. А вие? Вашата кариера е здодевна и бесмислена, вашите домаќински вештини се второкласни, имате одвратен вкус, подебели сте од своите пријатели и сите се ужасуваат од вашите забави. Кому му е гајле што сте премиер на Канада кога некој друг е претседател на САД?

12 животни правила

Во секој од нас живее внатрешен критичен глас и дух што го знае сето ова. Склон е бучно да стои на своето. Ги осудува нашите просечни усилби. Понекогаш е тешко да се стивне. А што е уште полошо, ваквите критичари се неопходни. Има многу уметници без вкус, раштимани музичари, отровни готвачи, директори бирократи со нарушување на личноста, неталентирани писатели и ужасно здодевни идеолошки задоени професори. Луѓето и нештата битно се разликуваат во своите својства. Ужасна музика од сите страни ги измачува слушателите. Лошо конструираните градби се уриваат при земјотреси. Автомобили што не ги исполнуваат стандардите ги убиваат своите возачи во сообраќајќи. Неуспехот е цената што ја плаќаме заради стандардот, а бидејќи просечноста има реални и сурови последици, стандардите се неопходни.

Не сме еднакви во поглед на способностите и резултатите, и нема никогаш да бидеме. Мошне мал број луѓе создаваат голем дел од сè. Победниците не земаат сè, но земаат најголем дел, а дното не е добра позиција. Луѓето се несреќни на дното. Се разболуваат, непознати се и несакани. Попусто си го трошат животот. Умираат на дното. Како последица на тоа, гласот на самопонижувањето во умовите на луѓето создава ужасна приказна. Животот е игра со нула поени. Безвредноста е автоматска состојба. Што друго освен доброволно слепило би можело да ги заштити луѓето од една ваква зајадлива критика? Токму поради тие причини цела генерација општествени психолози ги препорачуваше „позитивните илузии“ како единствен сигурен пат до психичко здравје.69 А нивното кредо? Лагата нека ви биде заштита. Не може да се замисли помрачна, поподла и песимистичка филозофија: работите се толку ужасни што само заблуда може да ве спаси.

Еве еден алтернативен пристап (што не бара илузии). Ако секогаш ви се паѓаат лоши карти, можеби играта што ја играте е некако наместена (можеби токму од вас, без да бидете свесни). Ако внатрешниот глас ве тера да се посомневате во вредноста на вашите усилби – или на вашиот живот, или на самиот живот – можеби треба да не го слушате. Ако критичкиот глас во вас ви ги кажува истите омаловажувачки нешта за сите, колку и да сте успешни, тогаш колку е веродостоен? Можеби неговите коментари се празни муабети, а не мудри совети. Секогаш ќе има подобри од вас – тоа е клише на нихилизмот, исто како и изразот Кој ќе види разлика по милион години? Вистинскиот одговор на ова тврдење не е Е па, сè е бесмислено, туку: Секој идиот може да одбере време во кое ништо не е важно. Да се убедите себеси дека нешто е неважно – тоа не е длабока критика на Битието, туку е евтин трик на рационалниот ум.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново