ТРИ прашања со… Фредерик Бегбеде

ТРИ прашања со… Фредерик Бегбеде

Бескомпромисниот боем и џентлмен со три одговори на ТРИ наши прашања. Во негов стил – кратко и прецизно, Фредерик Бегбеде само за вас, драги читатели!

Авторот на познатите бестселери „399“, „Француски роман“, „Живот без крај“, „Уна и Селинџер“ – ги разнебити француските медиумски кругови во својата последна книга „Човек што плаче од смеење“.  Алтер его без мерка – Бегбеде е ѕверка! Проверете и сами зошто.

1. Што ве „расплакува од смеење“ периодов, Бегбеде?

Стравот од смртта. Со цел да ја избегне смртта, светот престана да живее. Тоа е толку тажно што ми доаѓа да се смеам.

2. Одамна сте „изолиран“ на својот личен остров. Колку карантинот ви го промени светогледот?

Ништо не е променето. Само сега сите дознаа колку сум среќен.

3. На што ги учите Клое и Уна?

Се обидувам да ги научам да бидат љубезни. Ако сите луѓе се љубезни нема да ни требаат полицајци. 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново