ЕДЕН ОД НАС ЛАЖЕ - предлог книга за овој викенд

ЕДЕН ОД НАС ЛАЖЕ - предлог книга за овој викенд

Еден од нас секогаш лаже, зар не?

Петмина ученици од средно училиште посетуваат казнена настава. Сите имаат различни карактери и потекнуваат од различни социјални групи, но сите се кријат зад сликата на лажно совршенство. А за секого од нив Сајмон знае понекоја срамна тајна што планира да ги објави. И бидејќи токму тој никогаш не ја напушта училницата, сите други се осомничени за неговото убиство. Еден од нив сигурно лаже или не кажува што навистина се случило...

Сите имаме тајни. Прашањето е само на што сѐ сме подготвени за да ги зачуваме.


Исклучителен роман за младешкиот пркос, за недовербата на младите во авторитетот и нивната слободна волја да прават што сакаат без да одговараат за последиците. Авторката Карен Мекманус во едно свое интервју за книгата вели: „Сакав да им покажам на сите читатели дека ниедна приказна не е целосно изземена од невиност. Она што сакам да го пренесам со книгата е претпоставката за вистината, она што ќе го погодувате и на крајот ќе останете изненадени“.

Книгата се задржа 129 недели на листата на најпродавани книги на „Њујорк тајмс“. Беше номинирана за книга за млади на годината на страната на „Гудридс“. Кон крајот на ноември 2019 г. платформата за стримање „Пикок“ објави дека веќе е избран кастингот за главните улоги за филмување на серија според сценариото на „Еден од нас лаже“.  


„Книгава, дечки! Мислам дека е брилијантна. Толку различни елементи вклопени во едно!

Мистериозно убиство, драма, големи и мали тајни и сето тоа покриено со огромна доза сомнеж. Уживав читајќи!“

(коментар од читател со висок ранг на „Гудридс“)

„Неверојатните пресврти, брзиот развој на настаните и фасцинантните ликови ќе ве натераат да го прочитате овој трилер во еден здив“. – Гардијан



Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново